Во црквата Раѓање на Пресвета Богородица во Детроит, беше одбележана првата недела од Великиот пост.За време на светата Василиева Литургија голем број наши православни македонци кои живеат во Детроит зедоа масовно учество,причестувајќи се со Светото Тело и Крв Христова.Од страна на свештениците се одржа пригодна проповед за значењето на оваа недела и за значењето на постот и молитвата во овие искушенички денови за нас православните христијани.
Известува: о.Синиша