Согрешивме, беззаконувавме, неправедно постапувавме пред Тебе, ниту сочувавме, ниту извршивме, што си ни заповедал, но не напуштај не сосема, Боже на татковците.
Согрешив, беззаконував, ја отвфрлив Твојата заповед, зашто во грев бев зачнат, и додадов рани врз своите рани, но Ти помилувај не, како милосрден Боже на татковците
Од Великиот Канон на св. Андреј Критски, петта седмица на Векикиот Пост
Поуки од светите отци: Заповедано ни е дека единствен наш непријател е ѓаволот.
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Отче наш, помогни ни изборот во нашиот живот да биде благоразумен и со молитва, за да го задобиеме она што е вечно и невидливо, по застапништвото на Светите Твои. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 37, 33-38; 38, 1-6
Битие 13, 12-18
Соломонови Изреки 14, 27-35; 15, 1-14
Созерцание: Кој во Христа се крстивте, во Христа се облековте.
Галатјаните 3, 21
Подготви: А.Л