логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Josif.T.sad.jpg

 На покана на Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј“ с. Лешок, младинските организации на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, предводени од нивните претседатели г. Славчо Србиновски и г. Даријан Сотировски, беа засадени дрвја како знак на взаемена почит и христијанско единство.

  Josif.T.sad.jpg

 Josif.T.sad.jpg

 Josif.T.sad.jpg

 Josif.T.sad.jpg

 Josif.T.sad.jpg

Извор: Тетовско-гостиварска епархија

 

 

05.04.2014 - Работна акција на младината од различни партии

На младите им припаѓа иднината и само сплотени поврзо ќе чекориме кон поубава и посреќна иднина. Единството и меѓусебното пдругарување, помагање и почитување беше основна цел на денешната заедничка средба на Унијата на млади сили при ОК на ВМРО ДПМНЕ во Тетово и на Социјалдемократската малдина на СДСМ иницирана од неговото високо преосвештенство митрополитот Тетовско гостиварски Господин Јосиф реализирана во просториите и во дворот на мансатирскиот комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица во Лешок.

Оваа прва заедничка средба од ваков вид наиде на силна поддршка кај младината од двете политички партии кои активно учествуваа давајќи личен и конкретен придонес во нејзината успешност. Сите беа единствени во оценката дека кој ако не младите без оглед на партиската припадност треба да ги негуваат , покажуваат и докажуваат определбите за сплотеност и единство ис амо така ќе придонесат за побрзо чекорење напред. Низ учеството во реализирањето на прогармата на заедничката средба младите му искажаа посебна благодарност за оваа убава иницијатива на митрополитот Господин Јосиф.


Оваа заедничка средба имаше и работен карактер и сите присутни изведоа заедничка работна акција околу хортикултурното уредување на источниот дел од дворот на манастирскиот комплекс меѓу конакот и придружниот стар обејкт чија санација е во завршна фаза. Беа насадени стотина иглолисни дрвја и други украсни растенија кои ќе ја симболизираат успешноста на оваа заедничка акција со која беше даден нов и дополнителн придонес во разубавувањето на ионака убавото древно манастирско светилиште во живописното поднеожје на Шар Планина.

Оваа заедничка средба и работна акција ќе ни остане во длабоко и трајно сеќавање и овие садници нас и идните генерации ќе не потсетуваат на нашата сплотеност. Овој убав заеднички пример да се надеваме дека ќе биде негуван и преоследен и во иднина, изјавија момчињата и девојките непосредно по садењето на украсните зимзелени и други растенија.

Многу сме среќни и радосни што сите денес дадовме личен приоднес која ќе остави длабоки траги во монолитноста на присутните и наша љелба е неа да ја проследат и возрасните. Со таква и слична реченица ги започнаа своите изјави претседателите на Унијата на млади сили при ОК на ВМРО ДПМНЕ Славчо Србиноски и на Социјалдемократската младина на СДСМ Дарио Сотироски.

Успешноста и целосно реализираната програма беше најубавиот и основен белег на оваа заедничка средба низ која за цело време беше впечатлива сплотеноста и единството на сите присутни без оглед на возраста и партиската припадност.

Јован Булески- TV Kiss


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

23/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски; Светите маченици Александар и Антонина; Свети Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная