Скопје, 06.04.2014 год.- храм Свето Благовештение на празникот на свети Артемон, епископ Селевкиски; Преподобен Јаков Исповедник; Светиот свештеномаченик Партениј, патријарх Цариградски; Спомен на чудото во Печерскиот манастир; Преподобен Захарија
Гoспoд сo свoeтo страдањe ги oлeснил нашитe страдања. Oн прeтрпeл најгoлeми маки и излeгoл какo пoбeдник; затoа Oн мoжe да нè oхрабрува вo нашeтo малo страдањe. Oн страдал и трпeл на правина, а ниe страдамe и трпимe oтплатувајќи ги свoитe грeвoви. Затoа Oн мoжe двoјнo да нè oпoмeнува, да истрпимe дo крај, какo штo Oн, бeзгрeшниoт, истрпeл. Нeму никoј oд нас нe Му пoмoгнал ниту Му ги oлeснал макитe и трпeњeтo, а Oн стoи зад сeкoгo oд нас кoга страдамe и ни ги oлeснува нашитe маки и нeвoлји. (Пролог)
На 6-ти април 2014 година, во петтата недела од Великиот Пост, кога Светата Црквата молитвено го празнува споменот на свети Артемон, епископ Селевкиски; Преподобен Јаков Исповедник; Светиот свештеномаченик Партениј, патријарх Цариградски; Спомен на чудото во Печерскиот манастир; Преподобен Захарија , во храмот Свето Благовештение, во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, протоереј Душко Наумоски отслужи Божествена Литургија. На крајот од Литургијата, отецот ги протолкува денешните две Евангелија ( за Христовата поука и за Марија Египетска). Укажа на големината и значењето на простувањето на гревовите, за свештенослужењето кое е благословено од Бога.
6-ти април, лето Господово 2014
Преминпортал (к.т.)