Очистени со душата и духот, носејќи
гранчиња на верата, како дечиња да пееме пофални песни на Христа,
громогласно воскликнувајќи на Владиката: Благословен си, Спасителе, Кој
си дошол да го спасиш Адама од древната клетва и Кој со човекољубието
Твое благоизволи духовно да станеш нов Адам, Слово, устројувајќи сè за
наше добро, слава Ти.
Утрена, Лазарева сабота
Поуки од светите отци: Дали ти е направена неправда,
дали си ограбен и оклеветен и повреден во работите кои за тебе се од
најголемо значење; сакаш да го видиш својот непријател казнет? Но, дури и
за тоа, подобро за тебе е да му простиш.
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Нашите денови се во Твои раце, Боже. Помогни ни да ја вложиме
сета своја сила, своето срце и ум помагајќи им на ближните. Помогни ни,
најпрвин, сами себе да си помогнеме, а потоа едни со други да ја делиме
Твојата љубов во сите наши дела, секогаш славејќи Го и фалејќи го Твоето
свето Име. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 65, 8-16
Битие 46, 1-7
Соломонови Изреки 23, 15-35; 24, 1-5
Созерцание: На некого - ах, на некого - ох, на некого - кавга, на некого жал, на некого рани без причина, на некого зацрвенети очи?
Соломонови Изреки 23, 29
Подготви: А.Л.
Преминпортал. лето Господово 2014