Совршувајќи ја душеполезната Четириесетница, Те молиме, удостој нè со
Твоето човекољубие да ја видиме светата седмица на Твоето страдање, за
во неа да ги славословиме Твоите силни дела и неискажаниот домострој на
нашето спасение, единомислено пеејќи: Господи, слава Ти!
Вечерна, петок воочи Лазарева сабота
Поуки од светите отци: Зашто каде што постои непријателство или судир, таму нема ниту пост, ниту празник.
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Ти благодариме, Господи, што нè доведе до овде на нашиот пат, барајќи
одново да Те најдеме. Прости ни каде и да погрешивме. Укрепи нè да го
сочуваме мирот душевен во оваа последна седмица од нашиот пат, за да
имаме удел во радосниот и славен ден на Твоето Воскресение. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 66, 10-24
Битие 49, 33; 50, 1-26
Соломонови Изреки 31, 8-31
Созерцание: Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немоќниот.
Соломонови Изреки 31, 9
Подготви: А.Л.
Преминпортал, лето Господово 2014
Од Верскиот календар на МПЦ