Премин Портал

Кожувчанка

 


00.jpg


01.jpg

27 март/9 април 2014 лето Господово

02.jpg 03.jpg

Благодарноста е една од наjполезните добродетели за душата, рекле светите отци на нашата православна Црква, добродетел која возвишува до самите предели на божественоста. Зашто вистинската, искрена, нечовекоугодничка благодарност за добрите нешта е, можеби, најсилен начин да Му се искаже достодолжното признание и пофалба за единствениот Творец на сите тие добри и Нему угодни нешта – семилоствиот наш триипостасен Бог, Кој твори прекрасни дела преку Своите послушни и верни чеда.

04.jpg

Оваа  благодатна вечер бевме сведоци на една таква искрена и голема благодарност. Во чудесно убавата Битола, во топлиот амбиент на ресторанот „Премиер“, Здружението за Македонско и Босанско-херцеговинско пријателство и соработка „МаБиХ“ од Битола, на нашиот старец, архимандрит Партениј, му додели благодарствено признание за – како што се вели во официјалното соопштение – „несебичната поддршка и помош на младите, кои во овие години, каде што на секој чекор демнеат пороците, се жртви на депресии, зависност и сл. Отец Партениј со својата свештена обител, спаси многу млади наши синови и ќерки, врати многу родителски насмевки и зачува многу бракови. Од нас, отче Партение, само едно големо благодарам, од Господ повеќе...“ Ова, за нас толку драго признание, на нашиот старец му го врачи лично амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во Македонија, Неговата Екселенција г. Здравко Беговиќ.

Покрај архимандрит Партениј, добитници на слично признанија се и: г. Мите Стефоски, директор на Струшките вечери на поезијата; д-р Глорија Гашпар, здравствен работник во хосписот за терминално болни лица „Сју Рајдер“ во Битола; г. Рајко Господнетиќ, директор на „Подравка“ АД – Скопје; и здружението „Лајфстарт“, невладина организација за помош на деца во рана возраст, која оствари хуманитарна кампања во с. Десово.

Крајот на оваа прекрасна манифестација на благодарноста го украси самиот нејзин организатор, а воедно и претседател на „МаБиХ“, благочестивата г-ѓа Вера Благојевиќ, со едно вдахновено стихословие посветено на нашиот старец од нејзината новоиздадена поетска збирка „Т’га за споменот“:

БЕЛА БРОЈАНИЦА ЗА СТАРЕЦОТ

                             Еден Отец, Господ ни дари,
                            Духовник, кој љубов ни подари,
                            Неговото слово, проповеда вера,
                            А лошото од нас, го протера.
                            Биди ни агилен и полн со мудрост,
                            Елан Господ да ти дава,
                            Лете, зиме полн со кроткост,
                            Арно е за оваа држава.
                            Биди тука за нашите глави,
                            Радувај се старецу, слави,
                            Овој живот, за нас беше тежок,
                            Јадови пусти, под камен жежок.
                           А Господ уште нѐ сака,
                           Нека биде како ќе нареди, така,
                           Има денови светли, има глас,
                           Целта во нив е спас.
                           Амин Господи, од сите нас.
                           За тебе се молат многу мајки,
                           Арното ги врати, во најубави бајки.
                           Овде сега си љубов силна,
                           Таму биди наша вера милна,
                           Ете потаму, надеж биди,
                           Царувај Господ, да нѐ види.
                           Помогни, има уште можност трошка,
                           Ако милуваш, дај ни прошка,
                           Радувај се и ти, спасени се тие,
                           Тешко е бремето, знаеме ние,
                           Еве ги твоите синови мили,
                           Најмногу те красат твоите сили.
                           И се молиш за нас во храмот свет,

                           Јадови нема, ти си нашиот рајски цвет.

 05.jpg

 06.jpg

 Извор: Бигорски манастир

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2026

Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр...

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври  2026

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври 2026

  На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После мачениката смрт на Св. апостол Павле Свети Лука го...

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври  2026

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври 2026

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная