За секој дар, дали го сакаме или „не„ го сакаме треба да му благодариме на Бога!
Одговор:
Слава му на Бога за секој благослов, а благословот за да имаме пород е еден од најголемите. Ние дома долго се двоумевме дали да имаме трето дете, но слава му на Бога, Бог ни дарува трето дете и слава му, прекрасно е!
За секој дар, дали го сакаме или „не„ го сакаме треба да му благодариме на Бога! Во бракот треба да постои едномислие, за да не се осудуваме еден со друг. Што се однесува до контрацепцијата, таа е далеку од православниот став за воздржување, но кога воздржувањето е доведено во прашање, тогаш според мое мислење (можеби грешам, Бог нека ми прости)контрацепцијата секако е „помалото„ зло од абортусот, кој се смета за, и е чедоморство. Но, и за воздржувањето и за невоздржувањето и за контрацепцијата или без неа треба да има отворена согласнот од брачните другари, секако и отворен разговор низ исповед со својот духовен отец.