логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


Zoran.P.jpg

Скопје, 27.04.2014 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски, во Томина недела, на празникот на свети Мартин Исповедник
папа Римски

  Zoran.P2.jpg

  Zoran.P.jpg

 Zoran.P.jpg

  Zoran.P.jpg

 “На мoнахoт му приличи да Гo љуби Бoга какo син и да Му сe плаши какo рoб”, вeли св.  Eвагриј. Сe разбира, тoа му дoликува на сeкoј христијанин, макар тoј и да нe e мoнах.

Гoлeма  умeтнoст e да сe сoeдинат љубoвта кoн Бoга и стравoт oд Бoга. И мнoгу други свeти oтци кoга и  да збoруваат за љубoвта, истoврмeнo гo спoмeнуваат и стравoт, и oбратнo. Св. Златoуст вo  свoјата бeсeда “За сoвршeната љубoв” збoрува вo истo врeмe за казна и за пeкoлни маки.
Зoштo?

Затoа штo и гoлeмата чoвeчка љубoв кoн Бoга бeз страв прeминува вo гoрдoст, а гoлeмиoт страв, пак, бeз љубoв, oдвeдува вo oчајувањe. (Пролог)

    Zoran.P.jpg

  Zoran.P.jpg

 На 27 април 2014 година, во Неделата на Антипасха или Томина недела , во Соборниот храм во Скопје, свештеникот Зоран Пецовски во сослужение на ѓаконот  Александар Димитријов, отслужи Божествена Литургија. На   Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Свештеникот Зоран се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално  ја пренесуваме.

  Zoran.P.jpg

 Zoran.P.jpg

 Zoran.P.jpg

Zoran.P.jpg

  Zoran.P.jpg

  Свештеник Зорам Пецовски:

ТОМИНА НЕДЕЛА

Јован 20,19 - 31  Зачало 65
„Одговори Тома и Му рече: „Господ мој и Бог мој!"
Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти Ме виде;
блажени се оние, кои не виделе, а поверувале"
(Јован 20, 28 - 29)

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!
На денот на Христовото Воскресение, во една скромна ерусалимска соба, биле собрани апостолите и најблиските ученици на Господа Исуса Христа. Во таа соба било присутно и длабокото и тажно молчење. На лицата на апостолите и учениците јасно била исцртана големата тага и големата внатрешна болка. Страшните настани од претходните денови, кои ги изненадиле, длабоко и поразително дејствувале на нивните души. Веќе настапил третиот ден и ниеден од нив не можел да си претстави јасна слика на сето она што се случило. Зарем е можно, се прашувале тие, Оној, Кој ние го засакавме повеќе од нашите родители, заради Кој оставивме се што беше убаво за нашето срце, трпејќи студ, замор, глад и изложувајќи се на смртни опасности; Оној, Кој правеше чуда и разни знаменија, да биде фатен како злосторник и казнет како престапник? Што се случи со сите оние светли и радосни ветувања, дека ќе стекнеме вечно блаженство, кое го очекувавме со големо нетрпение? Зарем се уништи целата наша надеж во среќниот и радосен живот во Царството на Месијата - Христос?
Но, се уште не била стигната утринската зора да го објави почетокот на радосниот ден, а жените мироносици веќе биле пристигнати кај тажните апостоли да им јават дека Го виделе воскреснатиот Господ. Но, што се случило? „Нивните зборови им изгледаа како лага, и не им поверуваа" (Лука 24, 11). Тој ден Он им се јавил на двајцата патници за Емаус, кои брзо, истата вечер, се вратиле при апостолите да ги известат дека Го виделе Господа, но и ним не им поверувале. „А вечерта во истиот ден, првиот од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше затворена поради страв од
Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: - Мир вам!" (Јован, 20,19). И дури потоа, откако им ги покажал Своите прободени раце и нозе и почнал пред нив да јаде риба и мед, тие се убедиле дека нивниот возљубен божествен Учител навистина воскреснал и сега жив се наоѓа пред нив. Но, апостолот Тома во тоа време не бил со нив. Кога се вратил во собранието на апостолите и кога слушнал од нив дека Христос воскреснал, ревносно и одлучно рекол: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам" (Јован 20, 25). Потоа, кога воскреснатиот Господ им се ја-вил повторно на апостолите, го повикал да ги допре Неговите свети рани, а Тома, исполнет со неискажливо восхитување и радост, извикал: „Господ мој и Бог мој!" (Јован 20,28).
Од сето ова јасно се гледа колку големо неверување постоело кај апостолите за воскресението на Господа Христа, и какви навредливи и видливи докази тие барале, за да го разбијат своето неверување и своето сомневање! Што значи сето ова? Зошто апостолите, кои го љубеле својот Учител како најголемо богатство на овој свет и кои безброј пати слушнале од Него дека Он ќе пострада, дека ќе умре и дека ќе воскресне, а потоа, кога сето ова се случило, постануваат одеднаш неверни? Зарем не е чудно и тоа што нашата света Црква во своите прекрасни духовни песни го фали ова неверие, кога денес од певница-та пеевме: „О, пофалено Томино неверие!".
Ова апостолско неверие, ова нивно навредливо барање на очигледни докази ни сведочи дека во сето ова се пројавила и Божјата волја. На Бога Му било угодно, апостолите постепено и природно да дојдат до свесна вера во Христа Исуса, Синот Божји, бидејќи било потребно да одат по светот и да ја проповедаат и да ја шират Црквата. Затоа тие морале да имаат вера која не допуштала никаков сомнеж и никакво двоумење, па само таква вера од нив да прими и целиот свет. Не била доволна само слепа вера, бидејќи со таква вера апостолите не би биле во состојба да извршат такво грандиозно дело, таков огромен напор и подвиг, каков што извршиле. Ним им била потребна само длабока, свесна и разумна вера - вера која го победи светот (спореди: 1. Јов. 5, 4). Но, ниеден од апостолите не покажал толку одлучно и силно неверување, како апостолот Тома. Тој се уште не се уверил во висти¬ната, но предвреме ја засакал ижеднеел за неа соцелата своја душа. И во исто време, додека тој велел: „Нема да поверувам, додека не видам", тој во длабочината на својата душа веќе верувал. Тој дури и како да се плашел да не ја загуби, да се лиши од тоа драгоцено богатство и затоа барал такви очигледни, конкретни и убедливи докази, кои би го убедиле и смириле за цел живот. Потоа Тома поверувал, не затоа што го видел чудото, туку затоа што сакал да верува. Ваквото неверие навистина заслужува пофалба и восхит, па затоа нашата Црква и го воспева во своите храмови: „О, пофалено Томино неверие!".
Но, во нашево денешно испревртено време, ваквото неверие е многу ретко. Ако луѓето денес не веруваат во божествените вистини, тоа кај нив не се случува од истите причини, кои што биле кај апостолот Тома, туку заради нивната злобна и расипана волја. Денешните неверници одлично сфаќаат дека, штом ќе ја признаат вистината на Божјото битие, бесмртноста на душата и божеството на Исуса Христа, тие веднаш ќе мора да се одречат од својот грешен и себичен живот и да започнат нов, исполнет со христијанско смирение и со подвизи на љубов и самоодрекување. Ако овие неверници денес ги запрашаме зошто не веруваат во Христовото Воскресение и во чудата кои Он ги направил, едни ќе речат дека тие потполно се неприфатливи за нашиот разум, противречат на науката и на природните закони, а други, пак, ќе одговорат дека, кога би биле очевидци и сведоци на овие чуда, можеби и би поверувале, а вака, оддалечени со временска дистанца од овие настани, немаат причина да веруваат, зашто мислат дека тие се плод на болна фантазија.
Ни едните, ни другите не се во право. Оние, кои го велат првото, дека овие чуда се неприфатливи за нашиот разум, согласно со зборовите на апостолот Павле: „живеат со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа" (Кол. 2, 8). За таквите луѓе не е важна вистината, туку поважно е тоа да не го загубат својот углед во очите на своите пријатели, за да не изгледаат, според нивното сфаќање, смешни и назадни, зашто ним им е „помила човечката слава, отколку славата Божја" (Јован 12, 43). Врз овие луѓе со поразителна точност се исполниле пророчките зборови на пророкот Исаиј: „Со уши ќе чуете и нема да разберете, со очи ќе гледате и нема да видите; срцето на овие луѓе закоравело, и со ушите тешко слу¬шаат; и ги затвориле очите свои да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да не се покајат и да не ги исцелам" (Матеј 13,14 -15).
Уште подалеку стојат од вистината оние кои го оправдуваат своето неверување заради отсуство во денешно време на вакви и на слични чуда, какви што имало во времето на Спасителот. Зарем вреди да им кажуваме денес какви се чуда се случуваат на гробовите на светителите, какви чуда се случуваат од нивните мошти, од чудотворните икони, од чудотворните води итн. Но, сите овие чуда за нив се некорисни, исто како што биле некорисни и чудата на Спасителот Христос за фарисеите и книжниците. Размислувајќи за овие неверници, дури и несакајќи се сеќаваме на зборовите на евангелистот Јован, кој вели: „Иако толку чудеса беше направил Он пред нив, тие пак не веруваа во Него" (Јован 12, 37); „На луѓето им омиле повеќе мракот отколку светлината, оти нивните дела беа лоши" (Јован 3,19).
Денешниот наш заклучок би бил следниот: ако некој е жеден да ја дознае вистината Христова, ако сака да ја прими во својата душа и да живее според неа, тој треба да ја засака и пред да ја познае. Ширум нека ја отвори својата душа и Христовата вистина ќе му се подаде без никакви големи напори од негова страна. Таа, како пролетна роса, која ја напојува земјата со живот и сила, ќе го напои и неговото срце и ќе го воодушеви за да започне големи и свети дела. Барајте ја и испитувајте ја вистината, но не со ладно и гордо предубедување, туку со пламена љубов кон неа, онаква, каква што имал апостолот Тома. Дури тогаш светлината на Христовата вистина ќе засветли со целата своја небесна слава и убавина, а сите ние дури и несакајќи ќе паднеме на колена пред Христа, а од нашите исполнети гради ќе излетаат велелепните и радосни зборови: „ГОСПОД МОЈ И БОГ МОЈ!".

 Zoran.P.jpg

 Zoran.P.jpg

 Zoran.P.jpg


 

 Zoran.P.jpg Zoran.P.jpg

  Zoran.P.jpg

 Zoran.P.jpg

 

  Преминпортал (к.т.)

27-ми април, лето Господово 2014

 

    

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

« »

Православен календар

 

18/01/2025 - сабота

+Водокрст; Преподобната мајка Синклитикија; Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона; Светиот пророк Михеј I; Преподобна Аполинарија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана, милосрдието – солза со којаги миеше душите на натажените,подвигот телесен ја...

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари  2025

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари 2025

Глас 3Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Во вечниот ден Господов,лице в лице проповеда Апостолот да се видиме, а ти Пророче на Христовото доаѓање,со Ангелот вазден собеседеше, благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная