Во чест на свети Григориј Палама
Во неделата на свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, беше отслужено сеноќно бдение во црквата посветена на свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј во Струмица. Бдението заврши со Божествена Литургија што ја отслужи Митрополитот Струмички г. Наум со свештеномонасите од Струмичката епархија. На бдението пееше хорот „Јоан Хармосин“. Им благодариме за прекрасното старо-македонско пеење со коешто ни пренесоа дел од амбиентот на светогорските бденија.
„Ние во нашите тела ја носиме, како во глинени садови, светлината на Отецот преку личноста на Исуса Христа за познание на славата на Светиот Дух.“ (Свети Григориј Палама)