Денеска наутро замина од привремениот и минилив свет, Архон и Протопсалт на Светата Константинополска Архиепископија и диригент на Грчкиот Византиски Хор, Ликургос Ангелополус. Покојниот служеше на свештениот клир со самопожртвеност и ревност и придонесе во византиската музика, интернационална претстава и познавање. Со наставата и истражувачкото негово дело, го извлече од заборавот на историјата големото богатство на византискиот мелос. Новоста за неговата смрт ги ожалости сите ученици, пријатели, колеги псалти, музиколози и секој човек што го имаше запознаено на клирот во Света Ирина (Еолу), каде што пееше од 1982 година.
Погребната служба ќе се пее во Среда во 11 часот наутро во Светиот Храм на Света Ирина (Еолу)
Извор: www.pemptousia.gr
За Преминпортал: Александар Петковски
„Последен поздрав“ со Протопсалтот Ликургос Ангелополус (21.05.2014)
Со „Последен поздрав“ се збогуваа денес нападне пријателите и роднините, со еден од врвните даскали на византиската музика во Светиот Храм на „Св. Ирина“, каде што служеше Ликургос Ангелополус 32 години како Протопсалт.
Со погребната служба предначалеше Атинскиот Архепископ Јероним, но учествуваа Митрополитот Пергамски, претставникот на Вселенскиот Патријарх и Митрополитот на Илиас, како и голем број на клирици, мирјани и ученици од страна на великиот даскал.
Ликургос Ангелополус се роди во Пирго Илиас во 1941 год. Студираше Право на Универзитетот во Атина и византиска музика со Симон Карас. Има диплома за византиска музика од „Македонскиот Конверзаториум“ во Солун.
Од 1982 год. е протопсалт во „Св. Ирина“, основач и диригент од основањето на Грчкиот Византиски Хор, со кој што има издадено неколку дискови во Грција, Франција, но има реализирано над илјада концерти во Европа, Америка, Азија и Африка.
Предаваше византиска музика во Атинскиот Конверзаториум и во Конверзаториумите: „Филипос Накас“ и „Никос Скалкотас“. Спроведуваше византиска музика во училиштата на Митрополиите: „Илиас“, „Ретимнис и Авлопотаму“ и „Фтиотидос“.
Во 1994 год., Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј му ја додели титулата Архон и Протопсалт на Светата Константинополска Архиепископија. Исто така, има почести од Ерусалимскиот Патријарх, Црквата од Финска, а Светиот Синод на Грчката Црква му има доделено „Златен Крст на Св. Апостол Павле“ (2006 год.).
При него се образуваа ученици од целиот православен свет, како: Грција, Бугарија, Романија, Америка, Англија, Србија и др., со што придонесе развиток на византиската музика кај повеќето народи.
Се упокои на 18.05.2014 год. на 73 годишна возраст во Атина.
https://www.youtube.com/watch?v=DkS6Beul_uM