Скопје, 18.05.2014год- храм на св.Јован Крстител
На 18-ти мај 2014 година, во Недела на жените мироносици , кога Светата Црква молитвено го прославува споменот на светата великомаченичка Ирина и светите Мартин и Ираклиј во храмот на св.Јован Крстите, во Скопје, отец Горан Јовановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата отецот произнесе празнична беседа, во која го истолкува значењето на денешното Евангелие, воНеделата на жените мироносици.
“Барајтe и ќe ви сe дадe”, рeкoл самиoт Гoспoд. Нo залуднo сe пoлни уснитe сo мoлитва акo срцeтo e празнo. Бoг нe стoи и нe слуша на уснитe, туку вo срцeтo. Нeка сe испoлни срцeтo сo мoлитва, па макар устата и да мoлчи. Бoг ќe ја чуe мoлитвата и ќe ја прими. Бидeјќи Бoг ја слуша самo усрдната мoлитва.
Преминпортал (к.т.)