Chicago, IL - Пепи Бафтировски, легендата на Македонската народна песна - хоспитализиран...
Драги наши сонародници, Христијани, љубители на македонската народна песна:
Потребна е финансиска помош за нашиот Пепи. Откако, пред неполна година, му беше дијагностициран канцер на десното белодробно крило, состојбата на Пепи само се влошуваше. Пред неколку дена тој беше хоспитализран.
Судбината си поигра сурово со него. Луѓето исто така. Замина од Македонија за да му пружи на
сопственото семејство подобар живот.
Сега, болен и сам, неговата Македонија му е единствената преостаната желба.
Да му помогнеме на Пепи да се врати во својата татковина, земјата за која пееше.
Пепи има надеж во добрината на нашите луѓе. Има надеж дека таа добрина ќе му овозможи враќање во земјата каде можеби лошата болест ќе почека уште малку. Надеж дека ќе се врати меѓу своите. А надежта умира последна...
Ве молиме за Вашиот уддел во овој хуманитарен обид. Одделете мала сума, и во еден Христијански дух на милосрдие и љубов, помогнете да го вратиме Пепи дома. Тој лично Ви се заблагодарува од се срце.
Бог да е со Вас и Вашите најмили.
--------------------------------------------------------------------------------
Банковни информации:
Bank Name: National City
Routing Number: 071921891
Account Number: 122208432
Make wire checks or money transfer to pepi baftirovski
Забелешка:
Донаторскиот број во Р. Македонија дополнително ќе го објавиме
Посети:{moshits}