На 02. 08. 2014, кога црквата го слави Светиот пророк Илија, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Божествена Литургија во храмот „Св. Илија“ с. Стенче - Тетовско, во сослужение на парохискиот свештеник протоереј Ненад Ѓорѓевски и ѓакон Илија Деспотовски. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беа прекршени славските колачи.
За Преминпортал,
Синиша Георгиев