Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.
На Твојот Крст се поклонуваме, Владико,
и светото Твое Воскресение го славиме.
(Тропар на Чесниот Крст)
А.Л.
Посети:{moshits}