На 08. 08. 2014, на покана на началникот на УВР - Тетово г. Фаредин Зенуни, во просториите на УВР - Тетово се одржа работен состанок на кој беа присутни, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и секретарот на муфтијството во Тетово Намик Џафери . На состанокот беа разгледани повеќе актуелни прашања што го засегаат секојдневното живеење на населението во Тетово и Тетовско. Беше донесен заклучок верските заедници заедно со полицијата и другите институции редовно да се координираат и да донесат стратегија за заедничко делување, се со цел подобрување на животот на граѓаните.
За Преминпортал: Тетовско- гостиварска епархија , Синиша Георгиев