На 19.08.2014 година, кога Црквата го прославува великиот благден Преображение, Архиепископот Охридски и македонски, г.г. Стефан отслужи света Златоустова Литургија во соборната црква „Свети Климент Охридски“. Пред започнувањето на Литургијата во чин чтец беше ракопроизведен богословот Благоја Ристески. По завршувањето на Литургијата во која бројниот народ се причести со светите Христови тајни, беше извршено осветување на принесениот гроздов плод.
Извор: Скопска епархија