Скопје, 22-ри август 2014 год.- храм на св. Петка на празникот на светиот апостол Матиј
На 22 -ри август 2014 година, во единаесеттата недела по Педесетница , кога Светата Црква молитвено го слави споменот на светиот апостол Матиј , во храмот посветен на св. Петка во скопската населба Црниче, старешината на храмот, отец Томе Велјановски отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 78)
Во она време дојдоа кај Исуса фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: „Може ли човек да ја остави жената своја за каква и да било причина?“ Он им одговори и рече: „Не сте ли читале дека Оној што ги создаде во почетокот, ,маж и жена ги создаде’ и рече: ,3атоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело.’ Па така, тие веќе не се двајца, а едно тело. А Бог што составил, човек да не разделува.“ Тие Му рекоа: „3ошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ даде мажот разводно писмо и да ја напушти?“ Он им одговори: „3аради вашите жестоки срца Мојсеј ви разрешил да ги оставате жените свои; но во почетокот не беше така. Јас, пак, ви велам: оној што ќе ја остави својата жена, освен поради прељуба, и се ожени со друга, тој прави прељуба; и оној, што ќе се ожени со напуштена, прељубодејствува.“ А учениците Негови Му рекоа: „Ако е таков долгот на човекот кон жената, тогаш не треба ни да се жени?“ Но Он рече: „Не сите го примаат овој збор, а само оние, на кои им е дадено; зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и такви што се скопени само заради царството небесно. Кој може да прими, нека прими.“
Старец Софрониј
Што да сториме за нашето спасение? Како да го обесмртиме нашето тело, да се ослободиме од државата на гревот и од власта на смртта? Тоа треба да биде наша грижа во секој миг, а, истовремено посилна, понагласена. Животот е толку краток, целта е толку висока, но, и толку многу оддалечена.
Преминпортал (к.т.)