23 август 2104 лето Господово
Во Виницката област околу 15 илјади поклоници тргнаа на литија, со која за 9a.jpg дена мора да поминат 300 километри. За ова соопштува Православие во Украина.
Литијата започна на 19 август на денот на Преображение Господово од Свето-Троицкиот Браиловски женски манастир. Поклониците имаат намера во текот на последните девет дена од Успенскиот пост со засилени молитви и во подвиг да поминат околу 300 километри.
Цел на учесниците на литијата е да ги произнесат своите молитви кон Мајката Божја, да се поклонат на светата обител на Свето-Успенската Почаевска лавра и да го отпразнуваат Успението на Пресвета Богородица. Учесниците во литијата се на возраст од 3 до 90 години.
Извор: Правмир
Преземено од: Бигорски манастир