Скопје, 11-ти септември, лето Господово 2014-храм на св. Јован Крстител во н. Аеродром
Свeти Петар Дамаскин
- Со покајанието, секогаш можеме да поставиме почеток. Напишано е: ’ако си паднал’ а ти ’стани’ (сп. Изрек. 24, 16). И ако повторно паднеш повторно стани, и нималку не очајувај за своето спасение, што и да се случи. Сѐ додека ти не му се предаваш волно на непријателот, додека твоето трпение му одолева, придружено со самоосудувањето, ќе најдеш спасение.
’Зашто и нас кои некогаш бевме неразумни, непокорни’ вели апостолот Павле, ’Он нѐ спаси, не според праведните дела извршени од нас, туку според милоста Негова (Тит. 3, 3 - 5). Затоа не очајувај на ниеден начин, отфрлајќи ја така Божјата помош, зашто Тој може да направи сѐ што сака. Ти напротив, положи ја својата надеж на Него и Тој ќе направи едно од овие нешта: или преку испитувања и искушенија или на некој друг начин, само Нему познат, ќе го устрои товето обновување; или пак ќе го прифати твоето трпение и смирение наместо подвиг; или заради надежта во Него ќе подејствува милостиво врз тебе на начин за тебе непознат за којшто самиот не си ни свесен, па така ќе ја спаси окованата душа.
Само ти не напуштај Го својот Лекар, зашто инаку ќе пострадш бесмислено, со двојна смрт, како оној што не ги познал скриените патишта Господови.
- Денес, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител,во новоизградениот храм на св. Јован Крстител, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот на св. Пророк Илија отец Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓаконот Ванчо Умленски, отслужи Божествена Литургија.На певницата молитви кон бог упати отецот Зоран Стаменковиќ. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал(к.т.)