логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 





 На 13.09.2014 година, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар, со свештенството од храмот на Пресвета Богородица во Битола, изврши осветување на храм, посветен на св. Злата Мегленска во Битола.



 

„Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Ако Господ не ја изѕида куќата, залудно ќе се трудат градителите нејзини (Пс. 126, 1).

Вака, браќа и сестри, вели псалмопевецот. А ова се однесува на секој храм, како и на овој што денес го осветивме со Божјата благодат, преку Призивот на Светиот Дух во чинот на осветувањето, кога заеднички, сите се помоливме Господ да го испрати Својот свет благослов од Небесата, изобилно да го излее врз овој храм, како и врз живиот храм, вас верните, со свештенството, собрани околу својот епископ. Браќа и сестри, осветувањето на храмовите е многу значаен и свечен чин во Црквата Христова. Затоа, треба да разбереме и сфатиме дека за осветување на еден храм, потребно е храмот да биде доведен до положба да може да биде осветен. А тоа значи: во темелите на тој храм, да бидат положени свети мошти и повелба, за осветување на камен темелникот, а потоа да се продолжи изградбата на храмот. Откако ќе се изгради храмот, и откако ќе се украси вака велелепно, како што е украсен овој храм, и откако ќе се завршат сите други потребни работи, тој е веќе како едно тело. Но, во тоа тело, сè уште нема душа. Телото без душа е труп, браќа и сестри. Храмот без осветувањето и полагањето на свети мошти во него е без душа. Душата, храмот ја добива, кога ќе биде извршен чинот на осветувањето, кога во светиот престол ќе се положат свети мошти од маченик. Зашто е кажано, дека Црквата почива на крвта на мачениците. Ниту еден храм во Православната Црква не може да се нарече свет ако во него нема мошти на светители, односно на свети маченици.  Затоа, браќа и сестри, при една прилика, св. Амвросиј Милански, кога некои луѓе изградиле храм и сакале тој да биде осветен, светиот Амвросиј рекол: „Додека не ми донесете свети мошти, овој храм нема да биде осветен“. Со други зборови кажано, истиот тој светител вели: „Секој храм во кој треба да се служи света божествена служба – Литургија, ако нема во него свети мошти, до темел да се разурне“. Односно, ако, во храмот, нема легитимно положени свети мошти, тој храм, не може да биде храм.

            Браќа и сестри, што се случува при осветувањето на храмовите? Се случува чудо, како што се случило чудо, кога бил изграден Соломоновиот храм, кога првосвештениците и свештениците се помолиле, да се излие изобилно благодатта Божја врз Соломоновиот храм. Како што се излеа тогаш, така и сега, при секое осветување на храм во Православната Црква, ширум целиот свет, се случува тоа чудо, преку испросувањето во молитвите изобилно да се излее Божјата благодат – невидлива, божествена сила, божествени енергии и светлина божествена. Како што се молиме во молитвите, дека Отецот е изворот на светлините; Како што се молиме во Символот на верата, дека Господ наш, Исус Христос, е светлина од светлина, Бог вистински од Бога вистински, роден, нестворен, Едносуштен со Отецот и Светиот Дух.

Затоа, браќа и сестри, најважно е, при осветувањето на храмовите, Светиот Дух изобилно да слезе, односно да ја излее Својата благодат. Тоа денес се случи, браќа и сестри. И ние, сложно пеејќи ги молитвите, и вие одговарајќи на нашите прозби, заедно, сите, почувствувавме дека Светиот Дух слезе на овој свет храм.

И зошто, браќа и сестри, ние велиме, храмовите кога се осветуваат, треба да има посебно нешто што треба да се случи? Тоа нешто, се трите важни работи: Првата работа е заедничка молитва на Црквата Христова, Која ја сочинуваат верните православни христијани, со свештенството и монаштвото, собрани околу епископот, кој е слика, или икона на Христа, нашиот Спасител. Така вели и св. Игнатиј Богоносец: „Таму каде што е епископот, таму е и Црквата“. И свети Кипријан Картагински, на кој што споменот денеска му го празнуваме, вели: „Каде што е епископот, таму е и Црквата. Нема ли епископ, нема ни Црква“. Затоа, браќа и сестри, најважно е, молитвите што ги упатуваме кон Бога во светите храмови, особено да ги упатуваме сите еднодушно – со чист, просветлен ум, со очистени срца од похоти и страсти, грешни желби и грешни дела. Со просветлен ум, кој не дозволува да влезе во него ниту грешна мисла, или помисла, ниту било какви фантазии. Само така, подготвени со чисти и усрдни молитви, но не само со чисти и усрдни молитви, туку и со постојани молитви, како што вели св. Апостол Павле: Постојано молете се на Бога. (1 Сол, 5, 17). Не еднаш и двапати, туку постојано, секогаш, во секое време, и на секое место.

Исто така е потребно, браќа и сестри, во храмот да го слушаме Словото Божјо, зашто знаеме дека Божествената Литургија, која е содржината и суштината на нашата Црква, центарот на богослуженијата, претставува Царство Небесно на земјата. Светата Литургија се дели на три дела: Првиот, Проскомидијата е подготовка на Светите Дарови. Вториот дел е Литургијата на Огласените: Апостолот и Евангелието и Проповедта, која денеска ја поместуваме на крајот на Литургијата, поради тоа што не сите верници доаѓаат на почетокот на богослужбата, а е многу важен дел од службата. Светиот Климент Охридски, проповедта ја нарекува: Очи на душата. Зашто знаењето на верата и просветлувањето преку Евангелието, е всушност познавањето на Бога преку Словото Божјо. Но, останува и она што е поважно, браќа и сестри, покрај познавањето на верата, а тоа е практикувањето на верата, или живот според верата. Со други зборови кажано, она што ќе го научиме од верата, во живот да го преточиме.

И уште, зошто ние, браќа и сестри, доаѓаме на божествените литургии? За најголемото и најзначајното дело на божествената Литургија што се случува! А тоа е на третиот дел на Литургијата, именувана уште и Литургија на верните, зашто на овој дел од Литургијата останувале само верните. Оние кои биле крстени и миропомазани, и биле подготвени за примање на Светата Причест. Затоа, ѓаконот или свештеникот огласува за време на Ектенијата на огласените: „Вие, што сте огласени, што не сте крстени и миропомазани, излезете!“ А оние што се крстени и миропомазани, се верните кои треба да живеат според верата и да останат во храмот, зашто тие треба да се причестат. Во раната Црква Христова, ниту еден, кој останувал на овој дел од Литургијата, не смеел да присуствува во црквата, а да не се причести. Односно, морал да биде подготвен за примање на Светата Причест.

Сега се враќаме, пак на оној првиот дел што го спомнавме, заедничката молитва. Браќа и сестри, има молитви во кои ние се обраќаме на Бога, ама тие молитви, ако не се во храмот, се сметаат како приватни молитви. Молитви што си ги правиме дома, на работно место, кога се движиме, или кога работиме нешто. Но, молитвата на заедницата, молитвата на Црквата Христова, е молитвата на светата божествена Литургија. На таа молитва на заедницата, се случува најголемото чудо во Црквата Православна, кога преку молитвеното застапништво на свештенството со верниците и епископот, се случува чудото, кога благословениот Леб, за време на Канонот на Евхаристијата се претвора во Свето Тело на Христа нашиот Спасител, а благословеното вино, во Неговата Чесна Крв. И оние, кои што подготвени пристапуваат кон Светата Причест, Ги примаат вистинското Тело и Крв на Христа нашиот Спасител. Но, во молитвите пред Причесната се молиме: „Да не ми бидат овие Тело и Крв за осуда“. А тоа значи, треба подготвени да пристапиме, да се измириме со секого со кого сме имале некакво недоразбирање, да побараме прошка за нашите гревови, и да простиме на секој што ќе побара прошка од нас. Па така, измирени, подготвени со молитви, подвизи и пост, да пристапиме кон примање на Телото и Крвта на Христа нашиот Спасител, Кој влегува во нашите души и тела, и од грешни нè прави да бидеме праведни, односно свети, како што се молиме во Литургијата, дека Светињата е за светите. Од недостојни, нè прави достојни, од нечесни – чесни и т.н.

Да се помолиме, браќа и сестри, на Мајката Божја, Пресвета Богородица; да се помолиме на св. Кипријан Картагински, на кој што споменот му го празнуваме; да се помолиме на светата великомаченичка Злата Мегленска, на која е посветен овој храм, во кој пак, во третиот ред од фреските е насликано нејзиното житие, живот. Девојка млада, најубава меѓу девојките во селото Меглен, Слатина, која била присилена од еден Турчин да биде негова невеста. Но, таа кажала дека е Христова невеста. А на заканите дека ќе биде убиена, и на парчиња исечена, што и се случило, таа се молела на Бога и пратила еден христијанин кај игуменот на светогорскиот манастир Ставроникита, Тимотеј, кој бил дојден во нивното село, тој да се моли, Господ да ѝ даде сили да издржи во страданијата и искушенијата, и мачеништвото за Христа нашиот Спасител, за да го наследи Царството Небесно. Кај неа дошле нејзините родители и сестри, и ја молеле да се откаже од Христа, барем привидно, за да може да го спаси својот млад живот. А таа рекла: Ако и вие барате, како овие, муслиманите, да се откажам од Христа, тогаш вие не сте ми родители, а вие не сте ми сестри. Јас сум Христова Невеста. Така и го завршила животот, како што можете да видите на фреската: била обесена во дворот на една куќа, и потоа исечена на парчиња. Ете, оваа Божја угодничка, која пострадала кон крајот на XIX век, е таа светителка на која е посветен овој храм. Да се помолиме, браќа и сестри, по нејзините свети молитви, Господ да ги просветли и денешните млади девојки, да немаат пример во пеачките и актерките денеска, кои си ги продаваат своите тела и своите души. Туку да го имаат примерот на св. Злата Мегленска, која е сета златна со нејзините добродетели и е во Царството Небесно. Да се помолиме, преку нејзините свети молитви, Господ да го испрати Својот благослов на сите вас, браќа и сестри, и да ви даде милост голема.

Ние, браќа и сестри, во Битола имавме литургија секој ден, освен вторниците. Бидејќи сметавме дека на свети Јован Крстител треба да се служи света Божествена Литургија во манастирот св. Јован, што се гради кај германските гробишта, чиј храм не беше осветен, и затоа не можеа да се служат Божествени Литургии. Но, сега, штом веќе ја осветивме оваа црква, да знаете, дека секој вторник, од денеска, па натаму, тука ќе се служи света Божествена Литургија. Па така, битолчани ќе имаат можност секој ден да доаѓаат во одделни цркви на света Божествена Литургија, и оние кои сакаат да ги примаат Светите Божествени Дарови, да ги примаат секој ден, според својата подготвеност.

Нека е честито, и од Бога благословено осветувањето на овој Божји храм, кој се изгради со средствата на Митрополијата, и црквата „Св. Богородица“ во Битола. По молитвите на св. Злата Мегленска, Господ да ни даде сили достојно да го славиме и почитуваме нејзиниот спомен, и да се подвизуваме во нејзиниот свет храм“.

  Митрополит Преспанско-Пелагониски, Петар

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  Извор: Преспанско- пелагониска епархија (з.д)

Преземено од:МПЦ-ОА


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная