На 30. 03. 2008 година, Трета Недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата посветена на свети пророк Илија во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Литургија.
Пред почетокот на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, го изнесе Крстот насреде црква, Му се поклони, а по свештенослужителите, пристапи и многубројниот народ да се поклонува на Светиот Крст.
На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа кон присутните верници.
Известува: ѓакон Саше Ристов
Посети:{moshits}