Скопје 27.9.2014 год.- храм на св. пророк Илија
На 27-ти септември 2014 година, во петнаесеттата недела по Педесетница,, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го слави споменот на Воздвижение на Чесниот Крст, во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, отец Зоран Стаменковиќ во сослужение на ѓаконот Гоце Постоловски ослужи Божествена Литургија . Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Старечник
Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји.
Преминпортал (к.т.)