логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


02.jpg


01.jpg

 Љубовта распната на Крст

14/27 септември 2014 лето Господово

Денес живоносниот сад од незаодните земни прегратки излегува, и го објавува Воскресението на Христа, прикованиот на него; издигнуван и од рацете на свештениците, го објавува и неговото издигнување на небесата. Преку него, нашата природа, од падот на земјата на небесата жителствува; затоа, благодарствено да повикаме: Господи, Кој се вознесе на него, а со него и нас нѐ совознесе, удостој нѐ со Твојата радост небесна како Човекољубец. (Стихира од Вечерната на Крстовден)

На крстот Христов му пее Неговата Црква, на Неговиот Крст се поклонува, на Крстот му служи, со Крстот се крунисува, со Крстот се оградува, со Крстот се овенчува невестата Христова. Сите делови на светот приведени се кон спасение со деловите на крстот,01.jpg зашто тој со четирите свои краци го собра сиот свет на поклонение. Преку него милостивиот Господ и Своите четири добродетели ги објавува: возвишеноста на Небесната слава, и длабината на смирението, и ширината на милоста и љубовта. Крстот е наша пофалба и сила и оружје за борба со демонските сили. Облечени во силата на Крстот, бараме од Господа милост, молејќи ја Љубовта распната на Крст, за двојна победа против злото и страстите. И веќе не талкаме по пустините и беспаќата наши, зашто во Крстот го познавме вистинскиот пат, и веќе не сме надвор од Царството зашто преку Крстот пронајдовме влез во него. Блескајќи далеку на хоризонтот, во длабочините на ова темно небо на нашиот живот, во подножјето на небесниот Ерусалим, Чесниот Крст животворен и спасителен за светот ја излева својата сила, недостижна, непобедлива и божествена, го покажува патот и ја отвора вратата за сите нас. А ние, наведнати под бремето на своите крстови, жалости и таги, чекориме смело кон она блескаво небесно знамение, далечно, а сепак, толку блиско. Со неговата сила се оградуваме, со неговата сила се крепиме во спасителната и напорна борба. Чекориме изморени, паѓаме, но пак се креваме и продолжуваме на патот на нашето крстоносење.
Затоа сега, високо издигнувајќи го крстот, се издигнуваме и ние со него, и обновувајќи го Воскресението Христово, се обновуваме и ние со Него. И објавувајќи ја уште еднаш победата Христова над смртта, на сите страни го сведочиме ова моќно Христово знамение кое се јавува во светот како победа неодолива. Го издигнуваме ова победничко оружје исто како што се издига знамето за да ги повика своите војници на подвиг и победа. Зашто и денес, во подножјето на Крстот продолжува оваа борба помеѓу доброто и злото, заради љубовта и омразата кон Оној Кој се распна на него и со Својата крв го освети.
03.jpg

 04.jpg

 07.jpg

  • Христовиот Крст, на кој нашиот Спасител нѐ обедини во едно тело, нас Своите расеани деца, донесе во домот на светиот Великомаченик и Победоносец еден свештен собор на верници од целата наша земја, кои молитвено собрани во љубов кон Христа и еднодушно, со голема ревност, торжествено го прославија светиот празник на неговото Воздвижение. Честичката од Чесното Дрво која со посебна убавина сјаеше од раскошната и цветно украсена икона на Воздвижение, уште повеќе го сведочеше радосниот и триумфален повод за овој собир. Затоа во мигот кога нашиот возљубен Старец Партениј го изнесе од олтарот, а потоа многупочитуваниот наш владика, митрополит Тимотеј, го издигна на средината од храмот Живоносниот Крст Христов, додека од сите страни се слушаше умилителното „Господи, помилуј“, сите присутни ја почувствуваа неговата благодатна сила. Оти Крстот, изнесен од „Светињата на Светињите“, од земното небо, од олтарот Божји, издигајќи се високо преку рацете на архијерејот, ја благослови целата Вселена, ги осени сите страни на светот, за секој да види, да ја сознае и почувствува власта на ова големо знамение на победата. Некогаш така, со истото торжество и победничко ликување стоел високо издигнат во рацете на Патријархот, во времето на Константин, и ја објавил победата на христијанската вера, и покрај сите нејзини прогонства и суровост на мачителите. Сега, пак, ние се потсетуваме на тоа радосно собитие, исповедајќи ја уште еднаш непоколебливо и силно верата во Крстот, на очиглед на сите негови непријатели. Затоа со толку голема сила се впечатуваа во душите на присутните празничните стихири, плетејќи венец на слава на Крстот, и утврдувајќи ги во намерата решително и смирено до крај да си го носат својот крст, до конечната победа, кога ослободени од секакви грижи, со огромна љубов ќе го положат во подножјето на сечесниот Крст Христов.

08.jpg

 09.jpg

  11.jpg

 13.jpg

 14.jpg

 17.jpg18.jpg

Голема поткрепа за смиреното носење на својот крст, за присутните беше вдахновената беседа на нашиот многупочитуван архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, кој чиноначалствуваше со празничната архиерејска Литургија, и кој изнесувајќи ја својата пофалба за Крстот, не пропушти да ни го нагласи значењето на крсната љубов што Спасителот ја бара од секој од нас:

22.jpg

„Драги браќа и сестри,

  • Денеска, пред почетокот на светата Литургија, го изнесовме светиот Крст Господов од светиот олтар. Го поставивме среде храмот за поклонение, пеејќи ја познатата песна: „Кресту Твоему поклањаемсја, Владико, и свјатое Воскресение Твое славим“. Затоа денес најмногу прилега да ги насочиме нашите мисли кон Чесниот и Животворен Крст на нашиот Спасител Господ Исус Христос.

Откако на Голгота нашиот Спасител беше распнат на крст помеѓу двајца разбојници, и на него доброволно ја испи целокупната горчина на страдањето заради нас луѓето, Крстот Господов постана и симбол на нашето спасение. На него Господ Исус Христос ја потврдил новата заповед: „Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг, како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг“ (Јн. 13, 34). Но, Он, исто така ја возвиши и сострадалната љубов: „Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели“ (Јн. 15, 13). Од Голготскиот Крст, пак, се слушнале и молитвените зборови на Господ Исус Христос: „Отче, прости им, бидејќи не знаат што прават!“ Од истиот тој Крст, распнатиот Бог ги изрече најутешните и спасителни зборови кон покајаниот разбојник: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот“ (Лк. 23, 34 и 43). Оваа нова сострадална љубов ги отвори вратите на царството Небесно. Таа љубов, која засветли од Голготскиот Крст, преминува и на сите Христови следбеници. Сведоци за таа крсна љубов имаме уште од најраното време, почнувајќи од светиот архиѓакон Стефан, преку светите апостоли и илјадниците маченици, великомаченици, исповедници, испосници и подвижници, и сите светии. Симболот и силата на нашето спасение се наоѓа во сострадателната љубов, во Чесниот и Животворен Крст Господен. Затоа во светата Црква нема ниту едно друго празнување на кое се посветени толку денови, колку што има за светиот Крст Господов. Секоја среда и петок се посветени на Крстот. Исто така, песнопенијата од дневниот богослужбен циклус во среда и петок се посветени на крстните страдања на Господ Исус Христос, што се наразделно поврзани и со страдањата на Неговата пречиста Мајка. А како круна, пак, на овие годишни празнувања во чест на светиот Крст, се јавува Велики Петок - денот на најголемите страдања на Господ Исус Христос, но истовремено и денот на спасението на човечкиот род.

Токму затоа ние, христијаните, се поклонуваме на Крстот Господов и Неговото свето Воскресение го славиме. Зашто без Крстот, по кого следела и смртта на Спасителот, нема ниту воскресение. Ние знаеме дека воскресението е темел врз кој е создадена Црквата, поради нашето спасение. Св. Ап. Павле во своето прво Послание до Коринтјаните многу јасно вели: „Ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и верата ваша“ (1 Кор. 15, 14). Но, нашата вера во Христа е вистинска и жива, и е потврдена како веродостојна од безброј сведоци, почнувајќи најнапред од Пресвета Богородица и од побожните жени мироносици, апостолите, недобројните маченици, исповедници и подвижници, преку сите овие 20 векови, па сѐ до наши дни.

Поклонувајќи се на чесниот Крст Господов, ние всушност се поклонуваме на нашиот Спасител, Кој на Крстот го изврши нашето спасение и го избави човечкиот род од вечната смрт. Затоа светиот Крст е најголемата светиња и симбол во нашата вера. Него го гледаме во сите наши цркви и манастири. Го имаме во нашите домови, но неретко се носи како симбол на градите. Крстот во овој свет, кој е исполнет со грев и пороци, како што и пред Христа бил орудие на срам, така и денес за многумина е „соблазна“, а за други, пак, „безумие“, но за нас, кои се спасуваме, Крстот е „сила и премудрост Божја“ (1 Кор. 1, 18-24).

Светиот Крст, преку светата тајна крштение, постанал не само симбол, туку и услов за нашето спасение. По Воскресението, Господ Исус Христос рекол: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата“ (Мт. 28, 18). Но, не треба да заборавиме дека Он ги воспоставува и светите тајни во Црквата. Една од клучните свети тајни е светата тајна крштение, бидејќи Самиот Господ Исус Христос вели: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот“ (Мт. 28, 19-20). Но, исто така Господ Исус Христос во Евангелието според Марко додава: „Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува ќе биде осуден“ (Мк. 16, 16). Така, крстот постана мост, преку кој се поминува, за да се влезе во утврден град - во Црквата Христова без која нема спасение.

И во светата тајна миропомазание, новокрстениот крстообразно се помазува со свето миро по целото негово тело, со зборовите: „Печат од дарот на Светиот Дух“. Тоа, пак, значи, крстениот да расте духовно во полнотата Христова, и Крстот Христов да го пази, да го штити, за да може да биде вистински член на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква. И ние денеска, прославувајќи го Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Христов, да се очистиме од сите лоши мисли и ниски страсти, па достоинствено да се поклониме на Крстот Господов. А Божјата благодат, односно Неговата сила, нека нѐ следи во нашиот живот, како вистински членови на нашата света православна Црква. Амин!“

 23.jpg

 24.jpg

 25.jpg

 26.jpg

 27.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная