На 12. 10. 2014, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво изврши осветување на новата трпезарија и осветување на темели за нов објект во манастирскиот комплекс „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Мала Речица. Митрополитот ги благослови и им заблагодари на сите членови од иницијативниот одбор за посветеноста и грижата за одржување на ова свето место кое е многу значајно за Тетовци.