Скопје- манастирска црква на св.вмч Георгија Победоносец на празникот на Покров на Пресвета Богородица
-
На празникот на Покров на Пресвета Богородица, о.Горан Тасески, монасите о.Агатон и отец Григориј во сослужение на ѓаконот Игор Настоски отслужи сеночно бдение со Божествена Литургија. На певница молитви кон Бог упатиа членовите на хорот “Хармосини“.
Свети Григориј Палама
- Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување – ‘безмолвие на умот’, оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел’. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку кое тој би можел да се соедини со Бога.
За Преминпортал: ѓакон Игор Настоски