На 19. 10. 2014, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со повеќе свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво, изврши осветување на камен темелник за нова црква посветена на „Свето Преображение Христово“ во населба Циглана – Гостиварско.
На овој свечен и радосен чин, покрај многубројниот народ од Гостивар, присуствуваа и Министерот за Надворешни Работи г. Никола Поповски, заменик министер за Правда г-ѓа Биљана Бошковска Бришковска и пратениците од Собранието на Република Македонија г. Сашо Аќимоски, г-ѓа Светлана Карапетрова, г. Благоја Деспотоски, г. Алим Билали.
Митрополитот во своето обраќање се заблагодари на Иницијативниот Одбор за нивното несебично залагање за изградба на новата црква, и на Градоначалникот на општина Гостивар г. Невзат Бејта на покажаното разбирање за потребите на православните верници од Гостивар.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија