26/10/2014
На 23 и 24.10.2014 г, Рускиот празничен хор на Валаамскиот манастир одржа концерт во Прилеп и Битола.
Меѓу многубројните гости и посетители, присуствуваа и митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, и Неговата екселенција, рускиот амбасадор Олег Николаевич Шчербак со семејството.
Со неговата извонредна изведба, хорот ја претстави во најдобро светло Света Русија, која со својата широка душа, допре и до Македонија.
Програмата беше составена од црковни и народни песни, кои подеднакво ја восхитија публиката. Пренесуваме дел од атмосферата.
Извор: Преспанско- пелагониска епархија