Ги известуваме православните верници дека на 07.11.2014 г. (петок) и на 8.11.2014 г. (сабота) Марковиот манастир во с. Маркова Сушица ќе го прослави денот на својот патрон (заштитник) св. вмч. Димитриј.
- Во петок (07.11.2014), со почеток во 16.30 часот ќе се отслужи Вечерна богослужба. После службата ќе биде благословена празничната трпеза, а од 22.00 часот ќе започне Бдението (Акатист со Утрена богослужба).
Во сабота (08.11.2014), со почеток во 09.00 часот ќе биде отслужена Божествена Литургија, а после неа ќе се благослови празничната трпеза.
Ова е можност, повторно, заеднички и молитвено да му се обратиме на св. Димитриј за неговото застапништво пред Бог.
Созерцание: Свет, свет, свет е Господ Саваот! Сета земја е полна со Неговата слава!
Исаија 6, 3
Пп