Верен народе, да земеме врз себе голем труд во ова време на воздржување, за да стекнеме голема слава, избавени од пеколниот оган преку милосрдието на великиот Бог и Цар.
Вечерна, четврта седмица
„Помогни ни да се покаеме за патиштата кои не се Твои и Тебе не Ти се угодни. Уште помогни ни да ни бидат простени помислите кои не се во склад со Твојата промисла. Ова го бараме во најголемо смирение, Господи, зашто само со Твоја помош може да се очисти нашето срце, ум и душа. Само Ти можеш да ни подариш прошка и многупосакуван мир. Амин.“
Во среда од четвртата седмица на Великиот пост, кога светата Црква го слави споменот на светата маченичка Фотина и преподобниот маченик Јован и другите со него,отец Игор Калпаковски во сослужение на ѓаконот Горан Стојчевски, во манастирската црква “Св. Ѓеорѓиј” во Криви дол во Скопје , отслужи Литургија на Претходно осветените дарови.
Посети:{moshits}