„Добро е и корисно да се причестуваме секоjдневно со телото и крвта Христови. Ние се причестуваме четири пати во седмицата(мисли на Кесариската помесна црква, каде што бил архиjереj) недела, среда, петок и сабота, а исто и во другите денови ако е спомен на некоj од светиите.“ - Свети Василиj Велики
„Ние кои сме во Христа, светата Причест jа примаме секоjдневно, како храна.“ - Свети Киприjан Картагински
„Кого да пофалиме: тие што се причестуваат ретко или тие што се причестуваат често. Ни едните ни другите. Туку оние кои се причестуваат со чиста совест, со чисто срце, со беспрекорен живот. Таквите нека пристапуваат секогаш. Кои не се такви, нека не пристапуваат никогаш.“ - Свети Jован Златоуст
„Насушниот леб на христиjаните е Христос. Непрестаното jадење на тоj леб е спасоносната наслада на коjа се повикани сите христиjани.“ - Свети Игнатиj Брjанчанинов
„Така живеj, за да можеш да се причестуваш секоjдневно.“ - Тертулиjан
Според изборот на: Данчо Зограф