Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет.
Глас четврти
Пророче и претечо на Христовото доаѓање, ние што со љубов те почитуваме, не знаеме како подостојно да те прославиме. Со твоето славно и чесно доаѓање се разреши неплодноста на родилката безгласноста на татко ти, а на светот му се проповеда овоплотувањето на Синот Божји.