Дали меѓу поимите “потиштеност” и “депресија” може да се стави знак за еднаквост?
Не, не смее. Потиштеноста е гревовна страст, а депресијата е болест. Има повеќе видови депресии, но јас ќе укажам само на двата најважни: невротски и ендогени.
- Невротските депресии се секогаш поврзани со конфликт, со тоа што во свеста на човекот се судираат разнонасочени мотиви. И поради тоа во душата настанува тешка психотравмирачка ситуација. Овде е нужна потрага по излез. Решението често доаѓа со молитва, со смирение. Тука е коренот на лекувањето на невротските состојби.
Појавата на ендогени депресии е поврзана со тоа што во некаков степен во мозокот се нарушува размената на материите како серотонин, дофамин, норадреналин. Кај оваа форма на депресија содржината на овие материи во мозочните структури или нагло се намалува или паѓа на нула. И во овој случај, се разбира, нужна е терапија, нужни се лекови. (Извадок- Разговорот e објавен во книгата “Депресија и потиснатост: сличности, разлики и лекуванје - православен поглед )
Друго:
- Д-Р ДМИТРИЈ АВДЕЕВ- За психичките заболувања (14.12.2014)
- Д-Р ДМИТРИЈ АВДЕЕВ - ПРАВОСЛАВЕН ПОГЛЕД ВРЗ ДУШЕВНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА