логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 



 

  KELIJA.o.Pajsij.S.jpg

  РАБОТАТА Е БЛАГОСЛОВ

 Pajsij.Svetogorec.soba1.jpg

  •  - Некогаш зборувале: „Подобро да ги излижеш ѓоновите, отколку да ги искинеш покривките.“ Што сакале, старче, со тоа да кажат?

 - Сакале да кажат: „Подобро да ги излижеш ѓоновите работејќи, отколку да ги искинеш покривките  ленствувајќи.“ Работата е благослов, работата е дар Божји. Му дава живост на телото, свежина на умот. Ако Бог не му ја подарил работата на човекот, тој би мувлисал.

 Оние кои се вредни, ниту во староста не престануваат да работат. Ако престанат да работат, иако уште имаат сила, ќе ги снајде меланхолија. Тоа за нив е смрт. Се сеќавам на еден стар човек, во Коника, кој имаше речиси деведесет години, а работеше без прекин. На крај умре на нива, на два саати одење од куќата.

 Инаку, и оној, таканаречениот телесен (активен) одмор, кој многумина го бараат, не е ништо особено. Тако ја забораваат тескобата. Имаат храна, слатки, капење, одмарање. Но, штом сето тоа ќе заврши, бараат друг одмор. Така непрестајно се потиштени, зашто секогаш нешто им недостасува: чувствуваат некаква празнина, а нивната душа бара исполнување. Меѓутоа, оној што се заморува на работа, може да има непрестајна радост, духовна радост.

 - Но, старче, ако имаш болен крст, не можеш да ја работиш секоја работа.
 - Добро, не му треба ли и на крстот малку вежба?

  •  Зарем некоја работа, која е како вежбање за крстот, нема да биде од помош ?

 Слушај, ќе ти кажам: ако некој јаде, пие и спие, а не работи, некако се "рашрафува" и само го тера на спиење, затоа што неговото тело и нервите  се  опуштаат. Полека доаѓа дотаму што ниту може нешто да работи. Малку ќе пооди, па нешто ќе го пресече. Од друга страна, ако малку поработи и се движи, ги јакне и нозете и рацете. Гледаш, оние кои сакаат да работат, не спијат многу или од замор можеби воопшто не можат да спијат, но имаат сила, зашто низ работата се калат и телесно јакнат.

 

  •  Работата претставува здравје, особено за младиот човек. Сум забележал дека некои разгалени момчиња се зацврстуваат кога ќе појдат во војска. Војската им прави добро.  Се разбира, во повеќето случаи така било некогаш. Денес се плашат да бидат строги со војниците, зашто само ако малку мораат да се помачат, веднаш сечат вени, доживуваат нервен слом... Јас им говорам на родителите да платат некому и да ги пратат своите деца кај него да работат, за да бидат здрави - доволно е да работат некоја работа што им се допаѓа. - Зашто, момче полно со живост и енергија, има и памет, па ако не работи, станува мрзливец. Но кога ќе ги види другите како напредуваат, во него расте егоизмот и со ништо не е задоволен. Непрестајно има помисли, а разумот му се поматува.

 

Pajsij.Svetogorec.soba.jpg

 Келијата на старецот

  •    Потоа ќе дојде ѓаволот, па му вели: "Еј ти, изгубен, колку си само заостанат! Оној станал професор, друг има своја работа и заработува пари, а ти, каде ти ќе завршиш?" и така го фрла во очајание. Но, ако почне да работи, ќе стекне доверба во себе, во добрата смисла на тој збор. Ќе види дека и тој може да излезе на крај со работата и ќе се ослободи од помислите. Така, од тоа се раѓаат две добра.

 

 

Подготви : Мирјана Даниловска- Мина



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

17/07/2026 - петок

Св. Андреј, архиепископ Критски; Св. Марта; Преп. Андреј Рубљов ; Светото царско семејство Романови ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная