Скопје, 21.12.2014 год.- храм на св. Јован Крстител. н. Капиштец на празникот на Преподобен Патапиј
Старец Софрониј
Ако не се здобиеме со дух за служење на ближниот, нашиот живот ќе биде бесполезен! Ако сакаме да ја преродиме нашата природа, да станеме според подобие Божјо, копнежот да му послужиме на нашиот ближен, треба да преовладува во нашиот живот! Служењето на ближниот има спасителна сила, бескрајно поголема од која било богословска теорија! Како можеме да Го познаеме Бога, Каков што Он Е? Христос ни го покажува патот поттикнувајќи нè да останеме во светост, за да не го повредиме ближниот, да ги претпочитаме другите повеќе отколку себеси, да не се стремиме да владееме над нив.
- На 21-ви декември 2014 година, во дваесет и осмата недела по Педесетница , кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го слави споменот на преподобен Патапиј и светите апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар , во храмот на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец, отец Стефчо Беќарски во сослужение на ѓаконот Слободан Сарделиќ ослужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот од Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Преминпортал (к.т.)