Дали жената може да се фрла по крстот на Богојавление?
Ај да ги премолчам сите циркуски глупости и да се задржам на суштината: нормално дека и жената е повикана да ја почувствува благодатта на осветената вода што е и суштината на влегувањето во осветените води, а не тоа - кој ќе го фати крстот. Тие што нема да го фатат крстот треба да се сметаат за унесреќени? Исто и со паричката на Василица: битно е тоа што сите како Црква правиме нешто во спомен на св. Василиј, а не кај кого ќе се падне паричката. На оние што не им се падна треба да се чувствуваат унесреќени?
Така е кога место да ги учиме луѓето на вистинската вера, од нив правиме кловнови. Напразно си го фатил крстот или ти се паднала паричката ако не си причестен - сфати го тоа македонски вернику. Или, што повеќе ќе ти донесе паричката или фатениот крст кога веќе си причестен?
Извор:
Фејсбук странa на Marija Grigorova