логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

СТЕФАН,

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

БЛАГОДАРНОСТ ЗА ДАРОТ И АМАНЕТОТ

 IMG_5760
 

Возљубени чеда и почитувачи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија,

 
Возљубени во Господа,

 
Севкупното досегашно човечко искуство, но и логиката на нештата, укажуваат дека текот на случувањата, на намерите, на чекорите што сакаме да ги преземеме, на работите што сакаме да ги направиме, во многу, ако не и најмногу, зависат од почетокот. И не е далеку од вистината и тоа дека каков е почетокот - таква ќе биде и иднината, и каква основа, каков темел ќе поставиме - таква ќе ни биде и градбата!   

На 4 март 1945 година, во тогашниот Офицерски дом во Скопје, се одржа настан кој е и збир, но воедно и официјален продолжеток на двевековната исконска борба на македонскиот народ за обнова на својата Црква. А тоа е така, затоа што по забранувањето на дејноста на Охридската архиепископија, не престанал копнежот на православниот Македонец да го залечи осквернетиот лик на својата духовна мајка. Со Првиот црковно-народен собор, всушност, почнало правно и институционално реализирање на тој стремеж.

Пред 70 години, околу 300 делегати од сите страни на Македонија, и гости од тогашните македонски власти и институции, како и претставници од најголемите верски заедници, заедно со домородното свештенство, од името на целиот македонски народ, без разлика каде живеел, упатиле порака до православниот свет – порака која значела исправање на големата неправда, но во исто време значела и послание за надеж и радост. И, навистина, не би смеело и не би требало да се прими поинаку ваквата духовна намера – да се возобнови престолот Божји, институционално да се врами Црквата и верата на еден простор, со што повторно би се создал амбиент за духовно растење и напредување, за организирање на црковното живеење.

Тогаш во Скопје, во центарот на главниот град на Македонија, беше поставено прашањето, кое значеше и многу и сѐ. Најгласно и најофицијално дотогаш, од устата на претседавачот со Соборот, свештеникот Кирил Стојанов, се слушнало: Имаме ли ние, Македонците, право на своја автокефална Црква? Пред да се добие црковно-правната оправданост за стремежот за своја Црква, што за време на работниот дел од Соборот го изложил професорот од Куманово, теологот Лефко Арсов, тогашниот претседател на Предизиумот на АСНОМ, Методи Андонов Ченто, обраќајќи се до соборјаните, истакнал: Македонскиот народ има полно историско право да си има своја Црква... македонскиот народ денес е слободен и како таков сам може да си ги решава своите проблеми. Македонскиот народ страдаше, а со него страдаа и гинеа свештеници. Во борбите што се водеа за слобода на Македонија, во првите редови се најдуваа и народните свештеници... Ваквиот став на претседавачот на Првото македонско собрание, предизвикал силни емоции и овации кај присутниот народ во и пред местото каде што се одржувало заседанието на Соборот, кога, меѓу другите скандирања, се слушал и исконскиот извик на македонскиот православен бит: Сакаме своја Македонска православна црква! По овој јасен крик, чуван и задушуван во минатото, не можело, а да не се направи потребното. Така, Соборот усвоил јасна и недвосмислена  резолуција, чија содржина се сведува на следното: Да се возобнови Охридската архиепископија како Македонска самостојна Црква, која нема да биде потчинета на ниедна друга помесна национална Православна црква; која ќе има свој народен епископат и свое народно свештенство кое ќе биде гаранција дека нашиот народ ќе си ги запази карактерните особености;, првиот Македонски епископ на возобновената Охридска архиепископија да носи титула: „Архиепископ Охридски“, а нашата Православна Црква да се вика: „Светиклиментова Охридска Архиепископија“.

А, во изминатите скоро два века се забележани силни и конкретни обиди за возобновување на Охридската архиепископија како Црква на македонскиот народ. Уште при крајот на XVIII и почетокот на XIX век, низ многу градови на Македонија почнува раздвижување на интелигенцијата и граѓанскиот елемент, кои ги обединувал споменот за славната Охридска архиепископија и свеста за националната и духовната самобитност на Македонецот. За таа цел почнало формирањето на македонските црковно-училишни општини, како главен елемент во борбата за осамостојување и ослободување од невистините што ги ширеле соседните пропаганди преку своите инсталации во македонските средини. Една од најважните цели на црковно-училишните општини била засилената борба за излегување од туѓинските стеги на соседните Православни цркви, процес во кој се изнедрила и идејата за формирање на самостојна македонска Црква, односно возобновување на Охридската архиепископија како Црква на македонскиот народ.

Од Охрид, од духовниот центар на нашето опстојување, се слушал гласот на големиот македонски деец - Григор Прличев (1830 – 1893), за потребата од возобновување на древниот охридски црковен престол. Со својата умешност, со дарот што Бог му го дал, ја забележал општонародната македонска духовна болка, пишувајќи ја легендарната поема за укинувањето на Охридската архиепископија. Стиховите од оваа наша духовна биографија, и денес нѐ потсетуваат на тоа време, но и на соврмените в’лци кои сакаат да нѐ дават, и стрижат и м’лзат до крв, да сејат несогласје и раздори, кои сакаат да бидеме сираци до крај.

Идејата за воскреснување на Охридската архиепископија, свој конкретен обид има и во делото на познатиот македонски цркoвен и народен деец, митрополитот Скопски, Теодосиј Гологанов (1848 – 1926), кој го направил првиот чекор кон исправање на историската неправда. Согледувајќи ги штетните влијанија на странските пропаганди во Македонија и опасноста за македонскиот национален индивидуалитет, тој напишал: Ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријашијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во лоното на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква. Не е ли крајно време да се запре националното делење на овој наш народ?! Со оглед на тесната поврзаност на соседните православни Цркви со нивните национални, политички и квази духовни интереси, митрополитот знаел дека ниту Патријаршијата, ниту Егзархијата нема да се согласат со возобновување на Охрид како архиепископски центар на одделна црква, па затоа тој останал упорен својата идеја да ја реализира без разлика на последиците. И платил за тоа! Наскоро бил симнат од митрополитскиот трон и бил преместуван и изолиран по најразлични места како мерка за неговата храброст во барањето црковна и национална правда за македонскиот народ.

 Секако, за да се спречат разните пропаганди на Црквите од соседството, кои настапувале од чисто национални и политички задачи, неодминлива е улогата, но и придонесот што во оваа насока го дава и апостолот на македонската лингвистика и култура, Крсте Петков Мисирков (1874 – 1926). Тој, како вистински богослов, од чија теолошка поткованост би можеле да се засрамат и многу тогашни, но и денешни теолози, на своите современи, но и на денешните наши противници кои не сакаат македонскиот народ да има своја Црква, во своето најпознато дело „За македонцките работи“, пишува: Црквата требит да бидит имено Едина и Соборна, а не србска, грцка и бугарцка. Црквата кај нас си изгубила својата главна цел, за то македонцката интелегенција и народо имаат полно прао да употребат сите своји сили да лишат црквата во Македонија от чисто национални цели и да и поврнат тија цели, који шчо ѝ запоедал неј нејнијот Божествен Осноач: да проповедуат евангелието на сите јазици т.е. на сите народи на нивните јазици. Ако религиозните пропаганди се постарајат да побркаат на здружуајн’ето на македонцката интелегенција и македонцкијо народ мег’у себе, то прво нешчо, које ке се потребат, тоа јет, да се образуат во Македонија: Едина, Соборна и Апостолска црква да се возстаноит Охридцката Архиепископија, која шчо ке бидит „Архиепископија всеја Македонији“. Јасно е од кажаното на Мисирков што била улогата и целта на тогашното присуство на разните црковни јуриздикции во Македонија, како што се јасни нивните тенденции и денес.

          

Возљубени,

Црковното прашање во Македонија или поконкретно - црковното прашање за нас Македонците е меѓу најсложните досега забележани во историјата. Од неправедната и неканонска забрана на мисијата на Охридската архиепископија во 1767 година од страна на иноверната османлиска власт, а по интригите што ги вршеле првенците на тогашната Цариградска патријаршија, и денес, за жал, ние водиме битка за македонската црковна вистина, за докажување на нашето право за своја Црква, со домородно свештенство, архиереи и свој поглавар, со свое устројство, согласно каноните и правилата на православието. И колку што имаме право  на тоа, толку е оправдана и нашата желба - желбата на македонската православна душа да има место во сеправославната заедница. Таа борба, тоа трагање по вистината и правдината нема и не треба никогаш да престанат, зашто ако ја немаме Црквата, ќе го изгубиме највредното како народ и држава. Сеќавањето, но и љубовта кон Охридската архиепископија, се неодвоив дел од генезата на нашиот народ. Под нејзиниот покров зачувана е нашата национална посебност, под нејзината заштита нашиот народ ја зачува и душата и името свое, и таа му постанала гордост со која се идентификувал. Живеел без духовна и национална слобода, но не губел надеж во воскресението на мајката Охридска црква. Затоа и денес и секогаш вреди да се бориме за еден од столбовите, ако не и најглавниот, на нашето милениумско опстојување, столбот на нашата духовна култура, традиција, уметност, и што уште не. Да ја немаме МПЦ, да дозволиме да ја загубиме Охридската архиепископија, значи да дозволиме да бидеме изобличени, претопени, асимилирани - со еден збор: да бидеме уништени. Па, една е духовната мајка на овој народ, која издржала и ќе издржи и ропства и прогонства, и маки, и искушенија, која ќе страда и тагува, ќе се гордее и радува заедно со своите чеда. Непријатели и непријателства и има, и секогаш имало и ќе има, било да се однадвор или одвнатре. Но наше е, со Божја помош и по молитвите на нашите небесни застапници, предводени од нашиот патрон и покровител - светиот Климент, Охридскиот чудотворец, да го зачуваме тоа што е наше, што е прадедовско, што ни е оставено и како аманет, но и како залог за идните генерации. А најмногу и најдобро се чува, кога самите ќе успееме да се зачуваме, кога самите ќе знаеме да го цениме тоа што го имаме!

Му благодариме на Семилостивиот Бог што го допушти богољубивото и родољубиво дело на отците и делегатите - учесници на Првиот црковно-народен собор, кој даде можност да продолжи борбата за обнова на Охридската архиепископија, па преку Вториот во 1958 и Третиот црковно-народен собор во 1967 година – да почнат конкретно да се реализираат сенародните барања од Соборот во 1945 година. И да се надеваме дека, по Божјата милост, конечно Македонската православна црква ќе го заземе своето место меѓу помесните Православни цркви.

Затоа на сите соборјани и на сите борци за национална и духовна слобода на Македонија, за дарот и аманетот што ни го оставија, нека им е вечен споменот!

Нека ни е за многу години денешното одбележување и, дај Боже, како Црква прифатена од сиот православен свет, трајно да си спомнуваме за жртвата и љубовта на нашите предци.

Нека им е вечен споменот на учесниците на Првиот црковно-народен собор и нека ни е вечна возобновената Охридска и Македонска Црква! Амин!
 

СТЕФАН,

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная