На 23 април 2015 година, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, заедно со ктиторите г. Страшо Јакимовски и г. Тони Каранфиловски, како и градоначалниците на општина Ранковце г. Момчило Алексовски и на Крива Паланка г. Арсенчо Алексовски го посетија манастирот во изградба, посветен на Пресвета Троица во селото Петралица, на местото викано Кутлев Крст.