На 23. мај (сабота), во 23:00 часот, во храмот на св. Стефан, во скопската населба Аеродром, ќе се отслужи сеноќно бдение со Божествената Литургија по повод празникот на светите рамноапостолни Кирил и Методиј.
Делото на славните просветители и покровители на нашето образование и култура е неразделно од литургискиот живот кој самите го практикувале и кој бил начело и смисла на нивното севкупно дејствување. Затоа, сите кои се во можност и кои кои имаат желба се покануваат да го започнат празнувањето на овој ден на начин доследен на животите и делата на светите Кирил и Методиј.
Свештенослужител: доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ, презвитер
Друго:
Божествена Литургија во храмот на св. Стефан - н. Аеродром, Скопје (19.04.2015)