логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Објавено: 12 Септември 2015

otsekuvanje2015 1

„Ти, кој се роди од неплодна жена пред девственото раѓање, и сега, со отсекувањето на твојата глава, си претеча на доброволното распнување на Оној што ја создаде вселената, и на оние во адот им викаш: Момчиња, благословете Го; свештеници, воспејте Го; луѓе, превозносете Го во сите векови“ (песна од Канонот на Отсекување на чесната глава на светиот Јован Крстител).
otsekuvanje2015 2
 
Како посредник меѓу древните и новите евангелски проповеди, Претечо, ти кој се јави од неплодната утроба и Го предвести Спасителот, прекрасен цвету на пустината, светата Црква Христова никогаш не те заборава и постојано те прославува. Денеска се потсети и на твојата неправедна смрт, испросена од блудницата Иродијада, која на табла ја побара твојата света и чесна глава, зашто ти го изобличи Иродовото прељубодејство.


otsekuvanje2015 3

otsekuvanje2015 4
 
И ние, грешните, се собравме во светата Бигорска обител, посветена на најголемиот меѓу пророците, каде со величија и песнословија го прославивме Претечата Христов. Торжественото празнување започна со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Ацо Гиревски, протоереите Митре Попоски и Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј и Ефросиниј, свештениците Владо Недески, Бобан Митевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Кирил. На вечерната присуствуваа и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитите Агатангел, Иларион и Јосиф (Тетовски), како и повеќе свештенослужители и огромен број верен народ. Радоста за браќата во манастирот беше огромна, зашто од раката на нашиот Митрополит, во ангелското монашко служење, беа потстрижени уште двајца браќа Антонио и Димитриј, кои на своето второ „крштение“ ги добија имињата Анатолиј и Нифонт. По завршувањето на Вечерната, Митополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.


otsekuvanje2015 5
 
otsekuvanje2015 6
По завршувањето на Вечерната богослужба, а по повод 20 години од возобновувањето на монашкиот живот во овој наш раскошен цвет на подвижништвото, беше промовиран и зборникот „Бигорски манастир - 20 години возобновено монаштво“. Промотори на зборникот беа многупочитуваниот академик Цветан Грозданов и професорот на Православниот богословски факултет „Св.  Климент Охридски“ Скопје, протоѓаконот Ратомир Гроздановски. Воведен збор имаше игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј, а како најповикан да говори за животот на монасите, збор зеде и архимандритот Нектариј, игумен на Светинаумовата обител. На крајот од прославата, Митрополитот Тимотеј подели повеќе ордени и благодарници.
otsekuvanje2015 7
 otsekuvanje2015 8

otsekuvanje2015 9

otsekuvanje2015 11

otsekuvanje2015 12

otsekuvanje2015 14



Прославата продолжи утредента со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Архиепископот Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Агатангел, Иларион и Јосиф (Тетовски), архимандритите Партениј и Нектариј, игумените Фотиј и Агатон, протоерејот Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј и Ефросиниј, свештеникот Владо Недески, протоѓаконите Ратомир Гроздановски, Саше Ристов и Николче Ѓурѓиноски, ѓаконот Сашо Целески и ероѓаконите Порфириј и Кирил. Светата Бигорска обител, но и сета наша црква, уште еднаш се возрадува на светата Литургија, добивајќи уште двајца служители на престолот Христов. Имено, новопотстрижаниот монах Анатолиј беше ракоположен во ероѓаконски чин, а ероѓаконот Кирил беше ракоположен во еромонашки чин. По завршувањето на Литургијата беше осветено коливото и беше прекршен празничниот колач, а потоа беше извршен и чинот на Мал водосвет. Пред мноштвото верници од цела Македонија, со пригодна беседа се обрати Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан.

 
Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 

Митрополит Тимотеј

 otsekuvanje2015 26

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Драги браќа и сестри,

 „Бог е љубов" (1. Јован. 4, 8). Од преголема милост, Предвечниот совет на Триединиот Бог Го испраќа Словото Божјо да прими човечко тело, да се овоплоти во утробата на св. Дева Марија и да се роди во овој свет. Да се овоплоти, за да го избави народот Божји од пропаст. Ние, како луѓе со ограничена можност, не сме способни во целост да ја разбереме таа Божја љубов, односно оваа голема тајна. Господ Исус Христос, раководен токму од овие принципи, се принесува на жртва за откуп на сите луѓе. Он се понижува, суден е и распнат, и тоа распнат на крст на Голгота. Но, исто така, воскресна!Преку воскресението го победи злото и повторно им даде можност на луѓето, што ќе поверуваат и се покаат, да си ја вратат својата првобитна убавина.


Светата Црква, преку светите тајни,на сите луѓе им дава можност да ги ползуваат овие благодати. Преку личен труд и со помош Божја, ние како верници, повикани сме да си обезбедиме вечно пребивање во Бога и со Бога. Но, во историјата на светата Црква, се појавува монаштвото. Се појавуваат оние кои со својот живот и со своето откажување од овоземните наслади и приврзаности, одлучуваат посмело и похрабро да се уподобат на Бога и да си ја вратат првобитната создадена убавина со којашто беа украсени нашите прародители.


Монашкиот позив е христолошки подвиг којшто е ткаење на животот а се темели на антоними на Христовите зборови: „Кој ја запази душата своја, ќе ја изгуби, а кој ја изгуби душата своја заради Мене, ќе ја зачува" (Мат. 10, 39), како и на зборовите: „И кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене" (Мат. 10, 38). Овие зборови на нашиот Спасител Господ Исус Христос не треба да се разберат во буквална смисла на зборот. Не треба да разбереме дека сите ние сме должни да бидеме маченици, исповедници, страдалници и слично на тоа. Но, Господ Христос сака да ни каже дека никакви други вредности, сласти и страсти, коишто го привлекуваат умот и срцето на луѓето, не смеат да бидат поважни и повредни од Бога. Тие овоземни задоволства, знаат да бидат причина, ние како слаби и ранливи, да потклекнуваме и да се прилепуваме кон истите, а со тоа да се откажуваме, оддалечуваме и да забораваме на Господа Бога. Со тоа, пак, ние, како смртни луѓе, мислиме дека сме спечалиле и сме го спасиле нашиот живот. Но, всушност, преку тоа, ние сме ја изгубиле нашата душа, бидејќи без Бога нема спасение, нема вечност и нема враќање на рајската убавина, односно, без Бога нема живот.


Носењето, пак, на крстот и одењето по Христа, тоа не подразбира да се откажеме од нашите родители, од нашите браќа и сестри, пријатели и познаници. Во тој случај ќе бидеме во контрадикторност со Декалогот Божји, а Господ Исус Христос вели: „Немојте да мислите дека сум дошол да го нарушам Законот или Пророците; не сум дошол да ги нарушам, туку да ги исполнам" (Мат. 5, 17). Исто така, преку овој Божји повик ни се порачува, нашите блиски, мили и сакани да немаат поголемо значење во споредба со тоа Кого треба најмногу да Го сакаме и тогаш кога треба да го следиме патот Божји, односно патот на нашиот Спасител Господ Исус Христос.


Монашкиот позив повикува на неколку откажувања. Откажувања коишто вечерва, за време на монашењето ги слушнавме. Слушнавме од што се откажуваат и на што се заветуваат. Секој монах два пати во својот живот се заветува пред Бога. Се заветува дека верно и достоинствено ќе Му служи и ќе се соединува со Него. Секој верник, за време на светата тајна Крштение се одрекува од сатаната и од сите негови беззаконија и се соединува со Христа. А монахот, пак, и по втор пат дава завет пред светата Црква дека ќе Му служи на Бога, а сè со цел, за спасение и соединување со Него. Монашкиот живот треба да биде живот за Бога и во Бога, а во заедница на братство во една света обител. Монахот дава сè. Се дарува себеси на Бога, но, и очекува да добие сè за возврат на тоа што го дава. А тоа сè подразбира дека монашкиот живот треба да биде таков што ќе може да спечали милост Божја. Односно, да здобие благодат и поткрепа од Бога, за да може да ги совлада сите препреки и искушенија, коишто неминовно го следат животниот пат на еден човек, па со тоа и животот на монахот,кој е од тело и крв и како таков не е заобиколен. Но, со сецело предавање на Бога и сецело послушен на Бога и на Црквата, за возврат добива благодат за остварување на основната цел, а тоа е живот, и тоа вечен.


Монахот е човек кој на еден посебен начин се занимава со сè и со ништо. Тој е одвоен од сè и соединет со сите. Она што е важно за еден монах и што го осветлува и што му го открива предметот на неговиот интерес е местото и положбата на секоја поединечна работа во преобразена реалност, внатре во Божествената литургија, како спасение на сета творевина. Па доколку е возможно да умре во Бога, дури тогаш вистински живее и друга сила го раководи. И дури тогаш ќе може слободно сè да работи, и да копа, и да чита, и да пишува, и да пее, а притоа да не е приврзан за било што.


Сите овие пораки, што ги изговоривме во оваа празнична манастирска атмосфера, се поучни за сите нас коишто се именуваме православни христијани. И секој еден може да извлече поука за себе, дека светата Црква, во своите заповеди не прави некоја голема разлика во заповедите и барањата од луѓето. Независно дали тоа се архиереи, свештеници, монаси, великодостојници или, пак, обични верници, уки или неуки. Сите сме повикани кон иста цел. Но, посебно, пак, монаштвото е повикано да биде образ на останатиот верен народ во исполнување на овие Божји заповеди и да бидат светилници, како што биле нашите свети манастири низ нашата долга макотрпна историја.


На крај, би сакал на братот Анатолиј и братот Нифонт, кои вечерва ги зедоа монашките завети, да им го предложиме ликот и образот на св. Јован Крстител и Претеча. Образот на првиот пустиножител и најголемиот роден од жена. Тој нека им послужи за пример и утеха. Па угледувајќи се на него, да можат својот монашки завет достоинствено и чесно да го носат и да го исполнуваат. За просперитет и углед на нашата света Македонска православна црква, на Бигорската обител, а за спасение на нивните души и добивање на царство небесно, сега и во сета вечност. Амин!

Вечерна на празникот „Отсекување на главата св. Јован Крстител"
10. 09. 2015 год.
Манастир „Св. Јован Крстител – Бигорски

otsekuvanje2015 15

otsekuvanje2015 16

otsekuvanje2015 17

otsekuvanje2015 18

otsekuvanje2015 19

otsekuvanje2015 20

otsekuvanje2015 21

otsekuvanje2015 22

otsekuvanje2015 23

otsekuvanje2015 24

otsekuvanje2015 27

otsekuvanje2015 29

otsekuvanje2015 30

otsekuvanje2015 32

otsekuvanje2015 32

otsekuvanje2015 32

otsekuvanje2015 44

otsekuvanje2015 46

otsekuvanje2015 47

otsekuvanje2015 49

otsekuvanje2015 50

otsekuvanje2015 53

otsekuvanje2015 52

 

Извор: http://www.dke.org.mk/index.php/2829-2015-09-12-11-13-38



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная