логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

prezde.svpetka8.jpg
СИНАКСАР
Стихови:
Исусе, Ти плачеш како смртен човек,
Но, како Бог, Ти го воскреснуваш својот пријател.
Во тој ден го празнуваме воскреснувањето на светиот и праведен пријател Христов четвородневниот Лазар. Тој беше Евреин по потекло и припаѓаше на сектата фарисеи и син, како што некаде стои, на некој фарисеј по име Симон, од селото Витанија. Додека нашиот Господ Исус Христос одеше по земјата заради спасение на нашиот род, Он се спријатели со Симона. Бидејќи Христос често разговараше со Симона, зашто овој, последниов, високо го ценеше учењето за воскресението на мртвите, и Он често влегуваше во неговиот дом, Лазар стана негов близок пријател; и не само тој, туку и неговите две сестри Марта и Марија. Бидејќи веќе наближуваше спасителното страдање, требаше да се даде посигурно уверување во тајната на воскресението. Исус престојуваше од другата страна на Јордан, каде што најнапред ги воскресна Јаировата ќерка и синот на вдовицата. Погоден од тешка болест, умре и Неговиот пријател Лазар. Исус беше далеку, но им рече на своите ученици: „Лазар, нашиот пријател заспа" и, по малку време, додаде: „Лазар умре". Откако го остави Јордан, дојде во Витанија, замолен од неговите сестри. Витанија се наоѓа на пет стадии од Ерусалим. Сестрите Лазареви Го пресретнаа, велејќи: „Господи, да беше Ти овде, нашиот брат немаше да умре, но и сега, ако сакаш, ќе го воскреснеш, бидејќи можеш". Исус го праша народот: „Каде го положивте?" И веднаш го одведоа кај гробот. И, кога го тргнаа каменот, Марта рече: „Господи, веќе мириса (смрди), бидејќи веќе има четири дена." Тогаш Исус, откако се помоли и пролеа солзи над него, викна со силен глас: „Лазаре, излези надвор!" И веднаш мртвиот излезе, го одврзаа и си отиде во својот дом. Ова необично чудо предизвика завист кај оние Евреи кои негодуваа протв Исуса. Исус пак се склони оттаму. Првосвештениците помислуваа да го убијат дури и Лазара, бидејќи мнозина, гледајќи го, приоѓаа кон Христа. Но тој, кога ги разбра нивните планови, побегна на островот Кипар, каде што престојуваше. Подоцна апостолите го поставија за епископ на градот Китеј. Откако таму поживеа добро и богоугодно, триесет години по неговото воскреснување, пак умре и беше погребан таму, правејќи бројни чудеса.
Се вели дека по неговото оживување (воскресение) тој не јадеше ништо друго освен благо, и дека Пречистата Мајка Божја му го подарила својот омофор што го направила со своите сопствени раце. Неговите чесни и свети мошти, пронајдени таму благодарејќи на едно божествено видение, премудриот цар Лав ги пренесе во Константинопол, во црквата што тој ја изградил во негова чест, и чесно и свечено ги положил во десната страна од црквата на влезот од храмот крај ѕидот спроти олтарот. Неговите свети мошти и сега се наоѓаат таму, испуштајќи некаква неискажливо пријатна миризба.

Овој ден е определен да се празнува неговото воскресение, бидејќи светите и богоносни отци, како и светите апостоли, сметајќи дека светите страдања на Господ наш Исус Христос треба да се поместат по четириеседневниот пост за наше очистување, и затоа што сметаа дека ова чудо беше почетокот и причината на јудејскиот бес против Христа, затоа и ова натприродно чудо е поместено овде. Евангелистот Јован е единствениот кој пишува за овој настан; другите евангелисти се воздржуваат од тоа, најверојатно затоа што Лазар бил се уште жив и видлив. Се вели дека ова последно евангелие е напишано заради негои дека другите евангелисти не рекле ништо за беспочетното раѓање на Христа. Бидејќи се бараше да се има уверување во тоа дека Христос е Син Божји и Бог, и дека воскресна, и дека ќе има воскресение на мртвите; а со воскресението на Лазара е многу полесно во тоа да се верува. Меѓутоа ништо не е кажано за престојот на Лазара во адот, или затоа што не му било дадено да види точно што има таму или, откако ги видел, добил заповед да молчи за тоа. Оттогаш и секој човек што умира е наречен „Лазар", а гробната облека се именува „лазарома", за спомен на првиот Лазар. Бидејќи, ако тој воскресна по зборот Христов и пак оживеа, така и оној што ќе умре сега, откако ќе воскресне при звукот на последната труба, ќе живее вечно.

По молитвите на Твојот пријател Лазар, Христе Боже, помилуј не и нас. Амин.
Извор: МПЦ- ПОСЕН ТРИОД
2005г.(црква Св. Петка-Милёпарк, Викторија,Австралија,
Австралиско-новозеландска и Преспанско- пелагониска епархија

Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

24/06/2026 - среда

Петровденски пости; (пост со масло)

+Св. апостол Вартоломеј; Светиот апостол Варнава; Св. 222 Кинески исповедници и маченици; Празник на иконата „Достојно е“ ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная