с. Матка, 5-ти декември 2015 год.- храм Успение на Пресвета Богородица
На 6-ти декември 2015 година, во дваесет и седмата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска аргиепископија молитвено го слави споменот на Свети Амфилохиј Икониски , Свети Григориј, епископ Акрагантски, во женскиот манастир во Матка, посветен на Нејзиното Успение, се отслужи Божествена Литургија.
Старец Софрониј
Бог може да го допре духот на човекот и на непосреден начин да му го даде самопознанието. Постои голема разлика помеѓу ова познание и она што се стекнува во теолошките школи. Може да е многу опасно да се студира теологија, без егзистенционален опит на животот, во Духот Христов. Во опасност сме, навистина да ја изучуваме теологијата во нејзините апофатички форми, како философија или поезија. Во опасност сме да присвоиме некој погрешен став, да се сметаме себе си како нешто големо, што е доволно за да се загубиме. Должни сме да бараме во животот еден друг вид на вдахновение, во Христа. Теолошката наука што се учи во школите и која стана научна дисциплина достапна за сите, не ни овозможува познание на Бога. Познанието на Бога извира од животот во Бога, кој се раѓа во внатрешноста на срцето.
По Литургијата во манастирот, група верници им помогнаа на сестрите околу сечењето и прибирањето на огревните дрва.
Преминпортал (к.т)
Друго:
Божествена Литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица, Матка (08.01.2015)