Во моменти кога некој во 21 век се обидува да ги разгори верските страсти и да предизвика омраза меѓу најобичните граѓани, на кои им е преку глава од лудилото што ја зафати земјава и не попушта, ретки се свештениците што го претставуваат гласот на разумот.
Додека во светот спомен-обележјата се ставаат како симбол за крај на крвпролевањата, кај нас се ставаат орли и крстови за да почнат безумствата, напиша македонскиот владика Пимен на Фејсбук.
Otec Pimen
8 hours ago
Орли и крстови. Провокации и паѓања на провокации.
Обично, низ целиот свет, спомен обележја се ставаат како симбол на крај на безумства и крвопролевања. Кај нас обратно е. Се поставуваат за да почнат безумствата.
Извор: http://m.mkd.mk/makedonija/politika/otec-pimen-kaj-nas-orli-i-krstovi-se-stavaat-za-da-pochnat-bezumstvata