Скопје, 3-ти април 2016 год.- храм на св.Арх. Михаил
На 3-ти април 2016 година, во Крстопоклона недела, а во спомен на Свети Јаков, епископ и Исповедник Преподобен Серапион Преподобен Серапион во храмот Св. Архангел Михаил, во скопската населба Автокоманда, отец ИванГашевски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата, отецот произнесе празнична беседа.
Некои велат дека од молитвата доаѓа прелест. Тоа е погрешно. Прелеста доаѓа од самоволие, а не од молитвата. Сите светии многу се молеа, повикувајќи ги и другите на молитва. Молитвата е најдобро дело за душата. Преку молитвата се доаѓа при Бога. Преку молитвата се задобива смирение, трпение и секое добро. Оној кој зборува против молитвата, тој очигледно никогаш не вкусил колку е благ Господ, и колку многу нè љуби. Од Бога не доаѓа зло. Сите светии непрестано се молеа. Тие ниту еден миг не останувале без молитва. Душата, губејќи го смирението, заедно со него ја губи и благодатта, и љубовта спрема Бога, и тогаш се гаси огнената молитва. Но кога душата ќе се смири од страстите и кога ќе го стекне смирението, тогаш Господ и ја дава Својата благодат. И тогаш таа се моли за непријателите како за самата себе, и за целиот свет, се моли со врели солзи.- Свети Силуан Атонски
Преминпортал (к.т.)