Денеска, на Велики Петок, во сите храмови на Македонската Православна Црква во Куманово беше одбележан денот на страдањата и смртта на Господ наш Исус Христос.
Во соборниот храм на Свети Никола беа прочитани царските часови, Вечерна, и беше симнато Телото на Господ Исус Христос од светиот Крст.
Светата Плаштаница, исто така, беше изнесена и поставена во гробот и во црквите на Света Троица, Свети великомаченик Ѓорѓи и Света Петка.
Забележително беше и присуството на многубројни верни, особено млади, кои трпеливо, во долги редици чекаа да се поклонат на Христовиот гроб.
Од Куманово за Преминпортал: известува Б.Ѓ.
Посети:{moshits}