За веронауката во Бигорскиот скит Свв.Кирил и Методиј
Веронаука, наш влог во иднината
„Веронауката е една силна потреба за правилен развој на личноста и таа претставува темел на образованието. Христијанството е учење коешто во душите на младите луѓе внесува радост, мир, љубов, надеж и светлина. Доколку тоа се начелата по кои што се раководи човечкиот живот, овој свет би бил едно навистина прекрасно место, една вистинска оаза на радоста и љубовта. Токму затоа сите ние и Црквата како духовен воспитувач и државните институции, особено оние кои што го организираат и реализираат образовниот процес, имаме света должност да им го направиме на младите достапно ова учење.“
- арх.Партениј, игумен на Бигорски манастир
До сите благочестиви христијани кои веруваат во мисијата на Бигорскиот манастир и иницијативата на Здружението за негување на православни вредности за организирање на добротворна манифестација за собирање на средства за доизградба на првиот детски летен камп во скитот на Бигорскиот манастир свети Кирил и Методи на планината Крчин,денес, во хотел Континентал, од16 до 18 часот.
-Бидете дел од неа со купување на карти (600 ден.) било со јавување на телефонските броеви кои се објавени или со порака.
- Билетите можете да се набавите на тел: 071 273 116 и 070 264 992, и на влезот од хотел Континентал, на самиот ден на настанот.
Ви благодариме на довербата.
Извор: Бигорски манастир