логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Излагање на Сестринството



Возљубени мои, сестри монахињи, почитувани свештеници претставници на Македонската Православна Црква, драги гости пријатели на Добриот Бог, најнапред дозволете ми, од името на нашиот Старец и Игумен на Бигорската Свештена Обител, Архимандрит Партениј, да ве поздравам со најрадосниот поздрав: Христос Воскресна! А потоа и да ви се заблагодарам за бројното присуство.

Во ова наше современо живеење, сведоци сме на еден интензивен стремеж за прифаќање на модерниот либерализам, кој неминовно води кон искривување, ако не и потполно напуштање на христијанските, а со тоа и на традиционалните морални начела. Најголема жртва на тој тренд е токму младиот човек, кој во општеството влегува без да има изградено квалитетен систем на вредности, па затоа не треба да нѐ чуди тоа што соочен со бројните негативни влијанија од околината и нерасудлив во поглед на она што светот му го нуди, тој често го одбира погрешниот пат за свое изразување. Европскиот модерен и негативен поглед кон религијата како нешто заостанато, учењето за толерирање на изопачените вредности, празниот материјализам и успехот како највисока вредност, сето тоа духовно го повредува младиот човек, го турка во разочараност и очај. Како последица на тоа младите започнуваат да се оддалечуваат едни од други, стануваат сѐ побунтовни, и својата потреба да бидат оригинални ја манифестираат во крајно негативен правец, па затоа често ни се случува оние што треба да бидат носители на нашата иднина, да станат проблем за општеството, наместо негова надеж.

Овој, за жал, реален приказ на младината денес е толку спротивен на природниот дух на младиот човек, кој има потреба не само да се изрази и да биде забележан, туку и да остави позитивен впечаток на светот околу себе, па дури и да го промени на подобро. Зашто децата, нашето најскапоцено богатство, кои иако тежнеат да живеат овде и сега, во овој и само за овој миг, сепак, својот поглед го имаат насочено и кон иднината, и можеби повеќе несвесно, тие трагаат по некакви вредности кои ќе им обезбедат трајна радост и убав живот. Затоа крајно време е сите ние да ја преземеме одговорноста за нашите млади луѓе и да им ја приближиме верата, преку која тие на најдобар и најлесен начин ќе ги стекнат толку потребните доблести. Но треба да се реагира веднаш! Треба да им помогнеме радосно да побрзаат во Божјата прегратка, да го изградат тој толку потребен и правилен однос со Бога, со сите оние коишто ќе ги сретнат на своето животно патување, и да станат личности кои ќе можат похрабро и поцврсто да се соочат со тешко совладливите препреки во надворешниот свет. Да не дозволиме да изградиме генерации кои ќе живеат без одговорност, без визија за иднината, млади луѓе што ќе бидат водени од потрагата по привремени задоволства, кои не само што не нудат исполнување и утеха, туку уште повеќе го зголемуваат незадоволството.

Всушност ако го свртиме на кратко нашиот поглед кон историјата на нашиот народ, ќе видиме дека тој опстанал низ вековите само благодарение на тоа што се воспитувал во Црквата Христова, и таму ја стекнувал својата цврста и непоколеблива вера, храброст, истрајност, таму негувал вистински патриотизам и непосрамлива надеж за подобро утре. Со векови нашата исконска православна вера издигнувала не само полезни, мирољубиви, конструктивни граѓани на општеството, здрави и пожртвувани личности, туку и вистински великани, мајстори на словото и просветители, херои за Татковината, мудри научници и просветлени уметници, за коишто и ден денес со гордост си спомнуваме.

Да! Нашиот народ некогаш имал многу силна вера! Но... ми дава голема надеж и ме исполнува со радост, да го споделам со вас и тоа дека денес, кај голем дел од младите се јавува еден засилен стремеж за враќање во Божјите прегратки, за другарување со Бога. Сѐ поголем број од нив, соочени со сѐ поголемата духовна осиромашеност, го започнуваат своето внатрешно патување во потрага по вистинска радост и на тој пат Го наоѓаат Христа. И Го чувствуваат како нешто најблиско на душата, како Некој Кому можат потполно да Му веруваат и брзо стануваат свесни дека само Он, бидејќи е Добар Бог, може да воспостави хармонија во нивниот дух, може да направи тие да зрачат со огромна позитивна сила, да им обезбеди еден ентузијастички полет. Веднаш согледуваат дека Бог е Бог на неизмерната љубов, на милосрдието, а не Некој Кој едвај чека на оној што ќе згреши да му изрече казнена мерка.

Токму затоа никој од нас нема право да ја игнорира, спречува или задушува желбата на детето да верува во Бога и да ја сака Црквата. Напротив, таквите благородни желби треба уште повеќе да ги поттикнуваме и негуваме, бидејќи кога младиот човек ќе се сретне со Христа, тој всушност, се среќава со добрината, мирот, радоста и љубовта.

И еве за вас можност, денес да ѕирнете во тој посебен, со радост исполнет свет, што зрачи од детските души, тогаш кога тие ќе се сретнат со Бога. Со нас овде се дел од децата кои ги посетувале летните школи по Веронаука во нашите манастири, кои, пред сѐ, научиле да го сакаат ближниот онака како што се сакаат себеси. Тие низ драматизираната верзија на евангелската парабола за Изгубениот син, ќе ви покажат колку е неисцрпна милоста Божја кон секого кој со искрено покајание Му се обраќа Нему, и дека ниту еден грев не може да го поколеба Божјото човекољубие. Оваа животна драма која се одигрува секојдневно околу нас, во современиот и модерен живот, ќе ја одглумат учениците од ООУ „Кочо Рацин“од Прилеп, предводени од нивната наставничка по предметот „Етика на религиите“, Моника Дервеновска.

✤✣✤



Сметам дека сега е време и да ви ја претставиме мисијата на Бигорскиот манастир, која пред сѐ, е пожртвувано залагање во секој поглед да се одговори на тој стремеж на човечката душа за Бога, за таа да може да се отвори за Божјата љубов и да се исполни со Христовата ненадминлива радост. Верувам дека повеќето од вас веќе сте слушнале за гостопримството како главна одлика на нашите манастири. Нашиот Старец и Игумен Партениј, уште од самите почетоци на својот монашки живот во Бигорскиот манастир, поттикнат од неизмерната Божја љубов, силно го прегрна тој благороден подвиг – грижата за спасението на човечките души; бидејќи верувајте! нема ништо поскапоцено од човечката душа, и нема поблагородно, а истовремено и поодговорно занимање од тоа духовно да се обликуваат и придобиваат за Бога доверените од Него чеда. За нашиот Старец тоа беа мигови на голема исполнетост и радост, но и на страдања и борби. Зашто беше навистина тешко да се гледа тагата на едно човечко битие кое трага по некаква среќа и длабоко во себе сака да направи нешто добро, но бидејќи претходно не знаело за Добриот и преисполнет со љубов Бог, веќе се заплеткало во најразлични зла. Човекот што страда ја чувствува својата немоќ да излезе од лукавите мрежи и затоа бара помош. А оној што животот го посветил во служба на Бога и луѓето не може да ја презре таа искрена молба. Токму таквата несебична љубов беше и причината поради којашто отец Партениј ги отвори вратите на Претечевото светилиште и на неговиот метох во Рајчица, и како плод на тоа и ден - денес реки народ доаѓаат кај нас за да слушнат нешто кое ќе им влее нови духовни сили, нова надеж, нешто што ќе им ја разбуди верата, заради која после и самите тие ќе речат: „Сведоци сме на чуда!“ И ние, монасите, научени од нашиот Старец, секојдневно сме учесници во таа радост, гледајќи како луѓето се спасуваат, како Го бараат Христа и ја сведочат Неговата љубов каде и да појдат.

А сега малку и за работата со најмладите, која зафаќа значаен дел од нашите активности, во рамките на севкупната Бигорска духовна мисија. Таа започна уште пред неколку години, кога нашите Обители полека се претворија во омилени места за престој на децата, особено за време на летните, зимските и празничните одмори. И бидејќи од година во година бројот на децата сѐ повеќе се зголемуваше, спонтано се јави потреба за поосмислено организирање на нивните активности, со цел нивното време поминато во манастир да им донесе поголема духовна полза и знаење. Започнавме најпрвин со запознавање со основните вистини за верата, а потоа постепено воведувавме и разни работилници, игри, како и интересни разговори за продлабочување на нивните религиозни доживувања за време на богослужбите. Но особено полезни и привлечни за нив беа искрените и поучни разговори со отец Партениј, преку кои тие имаа можност да црпат од неговото длабоко духовно искуство и да научат многу за животот, љубовта, добродетелите, вечноста за која е создаден човекот. Секако тоа нивно позитивно искуство не остана сокриено од другите. Враќајќи се во своите домови, во училиштата, тие со пример ги сведочеа стекнатите знаења и добри навики, и како апостоли насекаде го пренесуваа своето задоволство и радоста која ги обземаше нивните чисти детски души.

Нешто подоцна, вдахновен од добрите плодови на ваквите спонтани собирања на децата, нашиот Игумен посака и цврсто веруваше дека е потребно и од голема важност за иднината на народот да започнеме со организирање на кампови по Веронаука, за коишто од самиот почеток има огромен интерес. Еве и ова лето пријавени се голем број на деца од повеќе градови на нашата земја. Всушност од година во година интересот станува сѐ поголем, зашто кај децата постои една незапирлива потреба за постојано учество во радоста и љубовта Божја. Нивниот интерес за нашата чудесна православна вера, искрениот и незлоблив пристап, нивните широки насмевки, ја збогатуваат и прават уште поблагодатна атмосферата во нашите манастири, но пред сѐ даваат богат плод во нивните отворени срца.

Бескрајно сме благодарни што сме удостоени на ваков прекрасен начин да им Го сведочиме Бога на овие млади генерации коишто доаѓаат кај нас, благодарни сме што ни се даде можност барем малку да придонесеме за нивната внатрешна изградба, предавајќи им ја во наследство најважната лекција – умешноста да се радуваат и да зборуваат на единствениот јазик со којшто ќе можат да се разберат со сите народи: а тој јазик е јазикот на љубовта.

А сега, дозволете ми да ви ги најавам децата од Битола, предводени од нивниот наставник по предметот „Етика на религиите“, Драги Анастасовски, кои се чести посетители на нашите кампови и кои вечерва ќе се обидат со јазикот на љубовта да им прозборат на вашите срца.

✤✣✤



Ретко каде штедрата Божја рака излеала толку многу природни убавини, како што тоа го направила овде, во живописниот предел во подножјето на планината Дешат, каде што е во тек изградбата на првиот летен камп по Веронаука во нашата земја, во рамките на Бигорскиот скит, посветен на двајцата браќа Просветители Свв. Кирил и Методиј. За оној што сака да учи за Бога, нема подобро и поавтентично место од она коешто со самото свое постоење сведочи за Божјото присуство. Токму затоа сакавме на нашите идни посетители на камповите по Веронаука, да им овозможиме нивната средба со Бога да биде збогатена и со рекреација, игри, другарување среде недопрена природа којашто придонесувајќи за нивното физичко здравје истовремено ќе го воспитува и нивниот дух. Божјата промисла уште од самиот почеток си донесе свој благочестив ктитор, кој ревносно се зафати со исполнувањето на ова благородно дело. Тоа е семејството Џиковски, што речиси веќе три години неуморно се залага за довршувањето на изградбата на овој толку полезен објект.

Храмот којшто тука ќе никне во чест на Свв. солунски браќа Кирил и Методиј, преку богослужбите ќе ги исполнува детските срца со чиста вера и љубов, а разговорите и мудрите поуки, поттикнати од благодатта и молитвеното застапништво на нашите словенски учители, ќе изгради во нив една силна внатрешна свест за заветот на нашите славни предци, за достоинството на нацијата на која припаѓаме, за долгот на љубов кон Татковината, семејството, ближните. И тоа треба да биде наш постојан патоказ во животот и да ги мотивира сите наши идни постапки.

Затоа, сметаме дека на Бога ќе Му биде угодно доколку секој од нас, колку што може, земе удел во плодот што го носи оваа толку значајна мисија. Токму затоа, со оваа манифестација сакаме со неколку зборови да ве запознаеме со она што веќе се случува во нашите манастири, а се надеваме за кратко време, со залагањето на сите нас, ќе добие и своја вистинска полнота во живописниот Бигорски скит во селото Битуше. Така сите ние заедно стануваме градители на една поубава, поздрава и подуховна иднина на нашите поколенија.

Денес за нас нема поважна мисија од духовното воспитување на најмладите, кои како иднина на нашата Света Црква и Татковина се надеж и утеха за сите нас. Всушност, искрено се надеваме дека пораката што ја испраќаме ќе допре до многу срца, и дека многу од вас ќе посакаат и вашите деца да ја доживеат радоста и убавината на другарувањето со Бога и со ближните. Ние многу би се радувале доколку во иднина во Бигорскиот скит Свв. Кирил и Методиј постојано одѕвонува детскиот џагор, и стане претесен за да ги прими сите оние деца и млади луѓе што искрената желба на срцето ќе ги донесе овде, за да го споделат искуството што веќе го живеат децата кои ви се претставија вечерва. За тоа колку се прекрасни тие искуства ќе ви каже наставникот Драги Анастасовски.

Колку и да зборуваме за радоста, би било залудно доколку не се обидеме да ја почувствуваме. Денес, не случајно, туку по Божја промисла, го славиме споменот на Светите жени мироносици, кои први разбраа за Воскресението Христово. Заради нивната љубов кон Спасителот, заради храброста и верноста до крај, се удостоија да бидат апостоли дури и пред 12 – те апостоли, со тоа што први ја слушнаа веста дека Бог го победи злото со Неговата ненадминлива љубов, први го слушнаа поздравот „РАДУВАЈТЕ СЕ!“ СЕКОГАШ РАДУВАЈТЕ СЕ! Тоа се зборови кои засекогаш и за сите времиња станале суштина на христијанската сила. Ете тој небесен поздрав, таа прекрасна вест која ги избриша солзите и тагата на дотогашниот свет, мироносиците им ја пренесоа на апостолите, а преку нив и на целото човештво.

Нам, пак, ни требаат чувари и апостоли на христијанските вредности

Затоа ова наше собирање е, пред сѐ, повик да им дадеме можност на нашите деца да бидат храбри апостоли на мирот и љубовта; да им дозволиме насекаде, а особено меѓу нас – возрасните - да ја пренесуваат веста дека животот е многу убав, дека да живееме - тоа значи да се радуваме, тоа значи да го прегрнеме сиот свет, силно да ги засакаме сите луѓе без оглед на тоа какви се. Ближниот е критериум за нашата духовност. И да, нема поубаво нешто од тоа да се љуби, постојано да се љуби, зашто љубовта го победи, и продолжува да го победува злото: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

 Извор: Бигорски манастир

Друго:

Се одржа добротворната манифестација за доизградба на Бигорскиот скит „Св. Кирил и Методиј“



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная