На 26.06.2016 година, во првата недела по Педесетница во која си спомнуваме за сите светии, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво презвитер Александар Стојаноски и ѓакон Илија Деспотовски. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Извор: Тетовско- гостиварска епархија