Скопје, 17 .07. 2016 год.- храмот на Свети Спас во населбата Маџари
Според зборовите на Спасителот: „Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо“ (Јован 3, 5). Во светата вода на крштението човекот се очистува од сè што е грешно и се преродува од Светиот Дух. Ако е дете, се очистува од прародителскиот грев; ако е пак возрасен, се очистува и од личните гревови. Со самото примање на крштението се станува член на Телото Христово – Црквата.
На 17- ти јули 2016 година,во четвртата недела по Педесетница, кога Светатa Црква молитвено го слави споменот на Свети Андреј, архиепископ Критски и преп. Андреј Рубљов, по отслужената Божествена Литургија, во крстилницата на храмот на Свети Спас, во скопската населба Маџари, о.Горан Божиновски го крсти чедото Божјо Андреј, посакувајќи му да биде достоен член на Светата Христова Црква.
Преминпортал (к.т.)
Друго: