Скопје, 23-ти јули 2016 год.- манастирска црква на св.вмч. Георгиј, на празникот на Преподобен Антониј, Киево-печерски,и Светите четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите
На 23 ти јули 2016 година,во четвртата недела по Педесетница, кога Светатa Црква молитвено го слави споменот на Светите четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во месноста Криви Дол, презвитер Горан Тасески го крсти чедото Божјо Ана, посакувајќи и секое добро како нов член на Светата Христова Црква.
Тајната на крштението може да се изврши над секој кој има вера, а се кае за своите гревови. Тоа се гледа од зборовите на Самиот Спасител и на светиот апостол Петар. Спасителот вели: „Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен“ (Марко 16, 16), а апостолот Петар вели: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исуса Христа за простување на гревовите; и ќе примите дар од Светиот Дух“ (Дела 2, 38). Затоа возрасниот при крштевањето ја исповеда својата вера со читање на Символот на верата. А кога се крштеваат деца, кои не се во состојба да ја исповедаат својата вера, тогаш наместо нив тоа го врши кумот, читајќи го Символот на верата. Затоа и кумот зема обврска, да го научи кумашинчето, кога ќе порасне, на вистините на православната вера и на побожен живот.
Преминпортал (к.т.)
Друго: